Настани Настани во Македонија
Настани во светот мини|Во 1804 година Хаити изборил независност од Франција 1800 — Наполеон Бонапарт на чело на француската војска ги победил австриските трупи кај италијанското село Маренго и повторно ја освоил Италија. 1800 — Малта била освоена од Велика Британија. 1801 — Кралството Велика Британија и Кралството Ирска се обединиле во Обединето Кралство на Велика Британија и Ирска. 1802 — Вест Поинт, познатата воена академија на САД е отворена во истоимениот град во државата Њујорк. 1803 — САД ја удвоиле својата површина со купување на Луизијана од Наполеон Бонапарт. 1803 — започнале Наполеоновите војни кои ќе траат сè до 1815 година. 1804 — Хаити изборил независност од Франција 1804 — Франц Јосиф станал првиот цар на Австриското Царство. 1804 — Наполеон Бонапарт се крунисал за цар на Франција како Наполеон I. 1804 — започнало Првото српско востание. 1805 — француско-шпанската флота била поразена од Британците во Битката кај Трафалгар. 1805 — Наполеон Бонапарт крунусан за цар на Италија во Миланската катедрала. 1805 — Наполеон Бонапарт ги победил руските и австриските трупи кај Аустерлиц (место кај Брно, во Чешка). Француската војска (околу 73.000 војници) ги поразила сојузничките сили на Русија (околу 70.000 војници) и на Австрија (околу 15.000 војници). Австрискиот цар Франц II утредента склучил примирје со Наполеон. Аустерлиц подоцна станал поим за брза победа. 1806 — со одлуката на Луневилскиот мир престанало да постои Светото Римско Царство. 1806 — Француската војска влегла во Дубровник. 1806 — Велика Британија го окупирала ’Ртот на Добра Надеж. 1806 — По големата победа над Прусија, Наполеон Бонапарт триумфално влегол во Берлин. 1807 — Потпишан договор помеѓу Наполеон Бонапарт и Карлос IV за поделба на Португалија. 1807 — Обединетото Кралство на Велика Британија и Ирска ја прогласило трговијата со робје за незаконска. 1807 — Првиот американски пароброд, изработен од Роберт Фултон, тргнува на првото комерцијално поморско патување во светот. 1807 — Британската морнарица го бомбардирала Копенхаген со огнени бомби и фосфорни ракети за да го спречи предавањето на Данска на флотата на Наполеон Бонапарт. 1808 — започнала Војната за шпанска независност. 1808 — укината Дубровничката Република. 1808 — Лудвиг ван Бетовен ја одржал премиерата на својата Петта симфонија во Виена 1809 — завршила Финската војна, после која Русија од Шведска ја презела Финска. 1809 — Наполеон Бонапарт го расформирал Тевтонскиот ред.
Личности
...
Откритија 1801 — Јохан Вилхелм Ритер го открил ултравиолетовото зрачење. 1801 – откриен астероидот Церера кој во 2006 година е преквалификуван во планета. 1802 – откриен астероидот Палада. 1804 – откриен астероидот Јунона. 1804 – од опиумот бил издвоен морфиумот. 1807 – откриен астероидот Веста.
Категорија:19 век Категорија:1800-ти