Санде Стојчевски (роден на година во ) — македонски поет, есеист, книжевен критичар и преведувач.Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 248 - 249.
Животопис Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Бил новинар, а потоа уредник во образовната редакција во Радио Скопје, уредник, главен уредник и директор на книгоиздателството „Македонска книга“ - Скопје, главен уредник на списанието „Стремеж“ - Прилеп и претседател на Управниот одбор на балканската книжевна манифестација „Рацинови средби“ - Велес. Работел во Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ - Скопје и уредник е на списанијата „Стремеж“ - Прилеп и „Акт“ - Скопје. Член е на Македонскиот ПЕН центар и на Друштвото на писателите на Македонија.
Книжевно творештво Кралот на лебедите (поезија, 1972), Фенери низ маглата (поезија, 1977), Златна гранка (поезија, 1980), Возбудата на јадрото (есеи и критики, 1982), Вечерна (поезија, 1985), Абор гора (поезија, 1987), Големата побуда (есеи и критики, 1988), Лов на блесок (поезија, 1990), Залив пред јасното (поезија, 1990), Есен во вселената (поезија, 1991), Радоста од читањето (есеи и критики, 1991), Ни ден без габи (книга за природата и ведрината, 1991), Кубоа (поезија, 1993), Кралицата од корицата (поезија, 1994), Пофалба на разговорот (есеи и разговори, 1994), Страв од тишината (есеи и критики, 1995), Скалд (поезија, 1995), Врв (поезија, 1996), Совршенство или совршенство (поетички есеи, 1997), (З)аум (поема, 1999), Великата лирска песна (есеи, 1999) Трмка (поезија, 2001) Опсада на загатката (есеи и критики, 2002) Сипкава преѓа е свет (поезија, 2003) Патот до песната (есеи и разговори, 2006) За восхитот и за пораката (теорија на книжевноста и полемика, 2007) Доречувања (есеи, 2008) Узда од ѕвезда (поезија, 2009)
Соавтор е на петтомната едиција Македонска книжевност во книжевната критика (1973). Главен уредник на редакцијата на проектот 130 тома македонска книжевност (2008) Главен уредник на редакцијата на проектот Нобеловци (2008-2009)
Награди Добитник е на наградите: Награда „Кочо Рацин“, Награда „Григор Прличев“, 2001 - Награда „Браќа Миладиновци“ Награда „Димитар Митрев“ 2011 - Награда Книжевен жезол„Книжевно жезло“ за Стојчевски и за Карангов 2021 - Награда „Ацо Шопов“
Наводи
Категорија:Македонски писатели Категорија:Македонски поети Категорија:Македонски новинари Категорија:Македонски уредници Категорија:Македонски книжевни критичари Категорија:Југословенски писатели Категорија:Југословенски поети Категорија:Југословенски новинари Категорија:Југословенски уредници Категорија:Југословенски книжевни критичари Категорија:Луѓе од Студена Бара Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Добитници на наградата „Книжевен жезол“ Категорија:Добитници на наградата „Браќа Миладиновци“ Категорија:Добитници на наградата „Ацо Шопов“ Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Категорија:Живи луѓе