Блаже Миневски (роден 1961 год. во Гевгелија) — македонски раскажувач, романописец и драматург. Дипломирал на интердисциплинарните студии по новинарство на Правниот факултет - Скопје. Како новинар работел во повеќе весници и списанија. Член е на Друштвото на писателите на Македонија.Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 159. Моментално пишува за весникот „Денешен“.

Книжевно творештво Миневски е автор на следниве прозни дела: „Солзи во очите на тате“ (раскази, 1984) „Ниски вежби“ (раскази, 1988) „Црниот пердув“ (роман, 1990) „Заседи за белиот сон“ (раскази, 1992) „Ледно око“ (раскази, 1996) „Балкан за деца“ (роман, 1996) „Требаше да се сликаме пред да се замразиме“ (роман, 1998) „Сезона на глуварките“ (раскази, 2001) „Приказна за третиот“ (роман, 2003) „Нишан“ (роман, 2007) „Црна лисица“ (роман, 2012) „Ако се родат некакви чувства“ (роман, 2023) „Опаш во уста“ (раскази, 2025)

Миневски е автор и на драмите:

„Крик“, изведена во 1991 година „Лулка“, изведена во 1992 година „Женски прилог за ноќта“, изведена во 1993 година „Подготовки за добра смрт“, изведена во 1994 година „Немушт јазик“, изведена во 2000 година.

Сите драми на Блаже Миневски се објавени во книгата со наслов „Бивши луѓе“ (2000).

Награди и признанија Миневски е добитник на високи новинарски признанија:

Награда „Крсте Мисирков“ на Здружението на новинарите на Македонија, (двапати) Прва награда за репортажа на „Нова Македонија“, (двапати)

Добитник е и на следниве книжевни награди:

„Bookstar“, за збирката раскази „Опаш во устата“ (2025) „Рациново признание“ (2002 и 2023) „Стале Попов“ (2007 и 2023) „Роман на годината“ (2007) Повеќе награди за краток расказ.

Миневски е застапен во сите понови антологии на македонскиот расказ, а неговите дела се преведени на англиски, француски, српски, бугарски, шпански, турски и албански јазик.

Врз основа на податоците од регистрираните позајмувања на книги во 26 јавни библиотеки во Македонија, Миневски бил најчитан писател во 2013 година."Блаже Миневски е најчитан автор во библиотеките", Дневник, година XVIII, број 5449, петок, 25 април 2014, стр. 26.

Наводи

Категорија:Родени во 1961 година Категорија:Луѓе од Гевгелија Категорија:Македонски драмаски автори Категорија:Македонски новинари Категорија:Македонски романописци Категорија:Југословенски писатели Категорија:Југословенски новинари Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Добитници на наградата „Стале Попов“ Категорија:Добитници на наградата „Рациново признание“ Категорија:Добитници на наградата „Крсте Мисирков“ Категорија:Апсолвенти на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје