thumb|Усните на Исаија миропомазани со оган, од Бенџамин Вест.

Во религијата, пророк е човек кој го сретнал натприродното или божественото и служи како посредник со луѓето.

Пророци постоеле во многу култури низ историјата, вклучувајќи ги религиите христијанство, јудаизам, пророкот Заратустра во Персија, пророчиштето Делфи во Стара Грција, потоа во исламот, и во многу други. Традиционално, на пророците им се припишува улога на доносители на промените кои зависат од пораките што ги носат. Епитетот „пророк“ е субјективен, бидејќи оној што од едни се смета за пророк, од други може да се смета за лажен пророк. Кон крајот на XX век, епитетот „пророк“ се ставал на некој кој е успешен во анализата на економските ситуации, или на оние кои ги коментираат кризите во општеството.

Германскиот философ Фридрих Ниче, пророците ги нарекува „мелези на болестите и на волјата за власт“.Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 18. мини|Еремија, детаљ од фреска на Микеланџело во Систинската капела, 1512 г. Пророкот како тема во уметноста и во популарната култура мини|Прозорец во Келнската катедрала со пророците Исаија (лево) и Еремија (десно) „Пророци“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.Анте Поповски, Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 342. „Пророк“ — песна на рускиот поет Александар Пушкин.A. S. Puškin, Lirika. Rad, Beograd, 1979, стр. 141. „Двајцата пророци. Проба на гласот“ - песна на полскиот поет Збигњев Херберт.Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 236. „Монолог за Касандра“ - песна на полската поетеса Вислава Шимборска.Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 104-105. „Пророчко око“ (англиски: The Prophets Eye) — песна на американската рок-група Бед брејнс (Bad Brains) од 1986 година.Discogs, Bad Brains ‎– Quickness (пристапено на 10.11.2019) „Пророци за гневот“ (Prophets Of Rage) - песна на американската рап-група Паблик енеми (Public Enemy) од 1988 година.DISCOGS, Public Enemy ‎– It Takes A Nation Of Millions To Hold Us Back (пристапено на 25.8.2019)

Белешки

Категорија:Предвидување Категорија:Пророштва Категорија:Библиски пророци Категорија:Старозаветни пророци