Во биолошката таксономија, домен, натцарство или империја е највисокиот слој (таксономска категорија) на организми, по позиција повисок од царството. Според тридоменскиот систем на Карл Воуз, воведен во 1990 г., Дрвото на животот се состои од следниве три домена: Археи, Бактерии и Евкариоти. Распоредот на таксоните е одраз на фундаменталните еволутивни разлики помеѓу геномите.

Постојат и поинакви класификации на живиот свет:

Дводоменски систем или наддоменски систем, каде врвни слоеви се домените Прокариоти (или Монери) и Евкариоти. Шестте царства, каде врвни слоеви се Евбактерии, Архебактерии, Протисти, Габи, Растенија и Животни.

Бидејќи овие групирања пред сѐ зависат од анализата на податоците за генетските низи и кладистиката, се очекуваат и други предлози.

Поврзано Филогенетика Систематика

Наводи

ранг00