мини|десно|Тицијан: Папата Папа Павле III го отвора Трентскиот собор
Трентскиот собор бил деветнаесеттиот вселенски собор на католичката црква. Се состанал во Тренто, денес северна Италија на 13 декември 1545, и траел, во 25 седници низ три периоди, сѐ до 4 декември 1563. Првите 8 седници се одржале во Тренто (1545-1547), 9-11 седница во Болоња (1547), 12-16 во Тренто (1551-1552), а последните 9 седници се одржале повторно во Тренто (1559-1563). Со соборот претседавале тројца папи: Павле III до 1547, Јулиј III до 1552 и Пиј IV до 1563.
Соборот се смета за еден од најзначајните собори на црквата,Wetterau, Bruce. World history. New York: Henry Holt and company. 1994. бидејќи бил реформски, како одговор на ширењето на протестантското движење.
Соборот издал осуди на „протестантскиот ерес“ и ги зацврстил црковните учења на католичката црква во домените на скриптурата, традицијата, изворниот грев, оправданието, богослужението, евхаристијата и обожувањето на светите. Издал и неколку реформски декрети.Jedin, 138 Дефинирајќи ја католичката доктрина за спасението, богослужбите и библиските канони, Соборот всушност одговорил на аргументите на протестантската реформација.
Трентскиот собор, иако издолжен и прекинуван неколкупати поради политички и верски несогласувања, претставувал значајна реформа на католичката црква и отелотворение на она што се нарекува контрареформација. Се смета за прв современ вселенски собор на католичката црква, чии достигања продолжуваат да живеат во неа до денес.Cross, F. L., ed. The Oxford Dictionary of the Christian Church (Oxford University Press 2005 ISBN 978-0-19-280290-3), article Trent, Council ofWhat was, still is, quoted in Responses to Some Questions Regarding Certain Aspects of the Doctrine on the Church
Поврзано Вселенски собор
Наводи
Категорија:Вселенски собори Категорија:Контрареформација Категорија:Антипротестанство