Milites Templi (во превод од латински „Војници на храмот“) е папска була издадена од папата Целестин II во 1144 која му наредувало на свештенството да го заштитува редот на темпларите и да ги охрабри верниците да го дадат својот придонес. Булата им дозволувала на темпларите да вршат собирање на данок еднаш годишно, па дури и во областите кои биле под интердикт.

Ова е една од најважните папски були поврзани со храмот, и заедно со Omne Datum Optimum (1139) и Militia Dei (1145) основа за идното богатство и идниот успех на редот н темпларите.

Надворешни врски Папската була Milites Templi од 1144 Темпларите и булата Milites Templi

Категорија:Темплари Категорија:Папски були од 12 век Категорија:1144