Пер Мертезакер () (роден на во Хановер, Западна Германија) — Германски фудбалер кој игра за Арсенал и за фудбалската репрезентација на Германија.
Клупска кариера
Мертезакер своето прво деби го имал за младиот состав на Хановер, за подоцна да го има своето прво деби за првиот состав на Хановер. Мертезакер имаше несреќен старт бидејќи уште на самиот почеток го скрши својот и нос и си постигна авто-гол. Но кога сè се стабилизира, тој можеше да се смета како еден од најдобрите млади одбранбени играчи во Будеслигата. Неговата игра беше необично „чиста“, затоа што доби само 2 жолти картони на 74 натпревари, со тоа што регуларно ги неутрализираше противниците. Високиот Мертезакер наскоро беше наречен Одбрабен Столб (die Abwehrlatte) од Германските таблоиди. Во август 2006 тој направи трансфер кој беше вреден 5 милиони евра во Вердер, после добрата игра на Светското првенство во Германија, во кое Германија беше 3та.
Мертезакер го доби својот прв црвен картон во професионалната кариера на натпреварот против Штутгарт, во кој Вердер изгуби со 3-6.
На 21 јуни 2009, Мертезакер го продолжи својот договор со Вердер до 30 јуни 2012.
Интернационална кариера
Во септември 2004, Јирген Клинсман го повика Мертезакер за натпреварот против Иран на 9 октомври 2004. На само 19 години Мертецакер стана еден од најмладите играчи коишто дебитирале за Германија. Со неговата мирна, но ефктивна игра, тој им парираше на Роберт Хут и Кристоф Мецелдер.
На Светското првенство во 2006 тој беше нападнат од Леонардо Куфре откако Германија победи со 4-2 на пенали. Тој доби мала повреда во колкот и удар од таа препирка. Откако Германија изгуби во полуфиналето од Италија Мертезакер изјави дека една од неговите нозе е повредена, но и дека не е од претходниот напад, туку се здобил со повреда на претходните натпревари и со тоа го пропуштил натпреварот за 3тото место
Статистика во кариерата Клупска статистика
+ Клупски ПерформансиКлубСезонаБундеслигаДФБ КупЕвропски натпреварувањаВкупноНастапиГоловиНастапиГоловиНастапиГоловиНастапиГоловиВердер Бремен2008-098 1 0 0 3 1 11 22007-0832 1 2 0 7 0 41 12006-07 25 2 0 0 10 2 35 4 Вкупно 65 4 2 0 18 2 85 6Хановер2005-06 30 5 3 0 - - 33 52004-05 31 2 4 1 - - 35 32003-04 13 0 1 0 - - 14 0 Вкупно 74 7 8 1 82 8Вкупно во кариерата 139 11 9 1 12 2 160 14
Белешки
Надворешни врски
Лично мрежно место Профил на клупското мрежно место Статистика во кариерата на fussballdaten.de
Категорија:Фудбалери на ФК Хановер 96 Категорија:Фудбалери на ФК Вердер Бремен Категорија:Фудбалери на ФК Арсенал Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2006 Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2010 Категорија:Германски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери во Бундеслига Категорија:Фудбалери на Европско првенство 2008 Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Фудбалери од Бундеслигата Категорија:Родени во 1984 година Категорија:Луѓе од Хановер