thumb|right|300px|Богородичната црква во Париз се наоѓа на островот Сите
Сите (фр. Île de la Cité = Остров на градот) е еден од двата природни острови во Париз во реката Сена. Другиот е Сен-Луј, а третиот е Сињ и е вештачки. Сите бил местото каде е основан градот Париз уште во праисторијата и од каде што започнал да се шири градот. Денес островот е познато туристичко одредиште бидејќи на него се наоѓаат неколку симболи на градот: Богородична црква (Нотр Дам) - монументална црква во готски стил од XII - XIV век Света Капела - прекрасна капела во готски стил од XIII век Понт неф (Новиот мост) - денес најстар мост на Сена во Париз изграден во 1607 година.
Покрај тоа, на островот се наоѓаат и Полициската префектура, Палатата на правдата, Болницата Отел Диу и Трговскиот суд.
Островот е поврзан со двата брега на Сена и со соседниот остров Сен Луи кој е главно резиденцијален.
Категорија:Географија на Париз Категорија:Острови во Франција