Болница „Августа Викторија“ () — болница и црковен коплекс на Маслиновата Гора во Ерусалим, Израел.
Изградена е во 1907 година како центар на германската протестанска заедница во Османлиското Царство. Нејзиното завршување е во 1910 година, чиј комплекс вклучувал Евангелистичката лутеранска црква, како и клиника за христијанските поклоници.
Комплексот е посветен на германската царица Августа Викторија, сопруга на Вилхем II, кој го посетил Ерусалим во 1898 година. Негов архитект е Роберт Лајбниџ, инспириран од кралскиот дворец Хоенцолерн.
Денеска, „Августа Викторија“ е втора по големина болница во Источен Ерусалим.
Категорија:Цркви во Ерусалим Категорија:Болници во Ерусалим