Стадионот Теди (хебрејски: אצטדיון טדי‎, Itztadion Teddy) е стадион кој се наоѓа во Ерусалим, Израел, поточно на Булевар 404. Наречен е по поранешниот градоначалник на Ерусалим Теди Колек (1911–2007), кој бил еден од главните потикнувачи за изградба на оваа арена.

Овој стадион моментално го користат фудбалските клубови од Ерусалим, Беитар Ерусалим и Хапоел Ерусалим.

Во прво време, стадионот имал сместивост од 12 000 гледачи, но со неговата реконструкција во 1997 година, сместивоста се зголемилa на 21 600 гледачи.

Категорија:Спортски арени во Ерусалим