Билишта () — град со околу 6,250 луѓе во Областа Горица во југоисточна Албанија. Градот има континентална клима со топли лета и ладни зими. Градот е во близина на македонската и грчката граница.
Географија Билишта се наоѓа во областа Девол на околу 30 километри источно од Корча и на неколку километри западно од албанско-грчката граница во подножјето на најзападните делови од планината Корбец над реката Девол.
Историја
Во XVII век турскиот писател Хаџи Калфа во својот опис на Румелија и Босна, за овој град пишува:
„Билишта е кадилак, кој се наоѓа на 12 дена од Цариград. Наоколу се наоѓаат: Кесрие, Горица, Преспа, Хорпиште. Жителите се Македонци и Арнаути.“
Согласно Санстефанскиот мировен договор од 1878 година, Билишта заедно со целата област Девол требало да влезе во границите на Бугарија, но Берлинскиот конгрес го враќа на Отоманското Царство.
Во текот на Илинденското востание, костурските востаници го напаѓаат Билишта, но не успеваат да го заземат.Христо Силянов „Освободителнитѣ борби на Македония“, "Наука и Изкуство", София, 1983, I, 304 стр.
Кон крајот на XIX век Билишта е мешано албанско-македонско гратче, во кое има и училиште. Според грчката статистика во Билишта живееја 1.000 муслимани и 275 христијани патријаршисти. Според податоците од Бугарската егзархија, во почетокот на XX век во Билишта имало 20 македонски куќи со 106 жители. Пред Балканската војна голем дел од трговијата е во рацете на Македонците, кои во градот имале околу 40 македонски дуќани.
Поврзано "Град Билища (исторически бележки)" , поп Трпо Поповски за град Билишта, в. "Вести", Цариград, 1912 година, Девол (округ)
Наводи
Надворешни врски Портал на Билишта
Категорија:Градови во Албанија
Категорија:Албанско-грчки гранични премини Категорија:Македонски населби во Албанија