Базилика Свети Петар и Павле ( — неоготска црква на тврдината Вишеград во Прага, Чешка.
Првобитната црква на ова место е изградена во 1070-1080 г. од кралот Вратислав II во романски стил. Во 1249 г. базиликата настрадала во пожар, и подоцна е обновена во готски, а потоа во неоготски стил. Впечатливи за црквата се камениот мозаик над вратата, како и двете кули високи по 58 м што се извишуваат над ридот и се гледаат од центарот на градот.
Зад црквата е сместен голем парк, во кој се наоѓаат познатите Вишеградски гробишта, во кои почиваат разни чешки големци како Карел Чапек, Антонин Дворжак, Алфонс Муха и други. Црквата е прогласена за базилика во 2003 г. од страна на папата Јован Павле II.
Категорија:Цркви во Прага Категорија:Базилики во Чешка Петар Категорија:Храмови посветени на Свети Петар и Павле