+Споредба на единици за површинаЕдиницанајблиска SIосновна SI1 ca1 m21 m21 a1 dam2102 m21 ha1 hm2104 m2100 ha1 км2106 m2Споредби вон SIвон SIметричкаосновна SI119.6 sq yard1 a102 m21076.39 sq ft1 a102 m2 300px|мини|100 ара прават 1 хектар Ар (симбол: a) е мерна единица за површина, еднаква на 100 метри квадратни (10 m × 10 m), која се користи за изразување на големина на земјиште. Оваа единица била дефинирана според постарите облици во метричкиот систем, и така денес не припаѓа на системот SI.

Оваа единица се користи во многу земји, а особено многу во Индонезија, француско-, португалско-, словачко-, чешко-, полско-, холандско- и германско-говорни земји за мерење на недвижности; во останатите земји обично се користи квадратниот метар. Арот понекогаш се користи во комбинација со центиарот, како да речеме „10 ари 12 центиари“ = 1012 m2. Поголеми земјишта се мерат во хектари. Во земјите кои порано биле под турска власт се користи декарот, честопати под локални називи. Други претставки за множители или делители на арот не се користат вон науката. Постојат и други локални единици кои се точни множители на арот, како на пример тајландскиот раи (= 16 a).

„Сотка“ Арот е стандардна единица мерка за приватни плацови и парцели (наспроти големи индустриски и земјоделски имоти) во Русија и сите земји на поранешниот Советски Сојуз. Но бидејќи изворниот збор „ар“ никогаш не се употребувал во Русија, за мерење земјиште постои само зборот „хектар“, додека арот се нарекува „сотка“ (мак. стотка, т.е. стотинка). Така, во рускиот јазик хектарот игра улога на основна единица, а сотката е изведена, со значење „центихектар“, или (1 a × 100 ÷ 100).

Претворање

Еден ар е еднаков на:

Метрички 0.0001 км2 (квадратни километри) 0.01 ха (хектари) 1 дам2 = 10 m × 10 м (квадрат со страна од 10 метри) 100 м2 (квадратни метри) 100 ca (центиари)

Англиски единици

0.000 038 610 2 квадратни милји (статутни) 0.024 710 538 меѓународни акри 0.024 710 439 американски геометарски акри приближно 1076.39 квадратни стапки

Други

0,1 стрема

Поврзано 1 E2 m² за споредба со други површини

Наводи

Категорија:Единици за површина

en:Hectare#Are