алт=Папата Никола V од Петар Пол Рубенс|мини|Папата Никола V од Петар Пол Рубенс
Никола V (латински Nicolaus PP. V; 15 ноември 1397 - 24 март 1455) — римски папа од 6 март 1447 до 24 март 1455Сите папи досега: целосен список на The Guardian. Во времето кога тој бил монах во Токсана, Никола бил помаган финансиски од страна на Козимо Медичи. Кога станал папа, неговиот финансиер го назначил за банкар во папството. Откако го зазел папскиот престол, се грижел да преовладува мир меѓу христијаните. Тој бил скромен човек, без големи амбиции, голем хуманист, кој се поклонувал на традицијата на антиката. Голема заслуга му се препишува за отворањето на Ватиканската библиотека, во која денес се наоѓаат многу значајни записи од класичната литература. Во негово време, Османлиите го освоиле Цариград. Таа вест ја потресла цела Европа, а желбата на папата Никола V за организирање на нови крстоносни походи против Османлиското Царство не наишла на поддршка од страна на западноевропските монархии.
Наводи
Категорија:Родени во 1397 година Категорија:Починати во 1455 година Категорија:Папи од ренесансата Категорија:Погребани во базиликата „Свети Петар“ Категорија:Папи Категорија:Италијански папи Категорија:Римокатолички епископи од 15 век Категорија:Италијанци од 14 век Категорија:Италијанци од 15 век