мини|300п|десно|Главната црква „Св. Троица“

Буковски Ливади — населба која се наоѓа на јужниот влез на градот Битола, покрај патот кој води до грчката граница. Населбата се наоѓа веднаш под селото Буково, од каде што доаѓа и нејзиното име. Со изградба се започнало во доцните седумдесетти и раните осумдесетти години. Населбата се наоѓа во непосредна близина на археолошкото наоѓалиште Хераклеја Линкестис и зоолошката градина.

Градби

Во населбата се наоѓа црквата „Св. Троица“, која е воедно и парохиски храм на Буковската парохија.

Улици

Улици во оваа населба:

— Апостол Здравевски

— Ѓорѓи Зековски

— Кочо Доловски

— Паца Мирчева

— Митре Врчковски

— Кумровец

— Крстин Чулаковски-Кичо

— Панде Илковски

— 4-та

Наводи

Категорија:Населби и маала во Битола