right|thumb|150px|Антонио Гутерес, еден од генералните секретари на ООН

Генерален секретар на Организацијата на Обединетите нации — раководител на Секретаријатот на ООН, еден од главните органи на ООН. Генералниот секретар едновремено е и гласноговорник и предводник на Обединетите нации.

Функција

Функцијата на Генералниот секретар била зацртана уште при основањето на ООН во 1945. година како „светски преговарач“, но со Повелбата на ООН (член 97) неговата функција е определена како „главен администратор“. И покрај тоа, сите досегашни носители на оваа функција истапувале во името на светските интереси и имале значајна улога во глобалните прашања.

Резиденцијата на Генералниот секретар е петкатна зграда на Менхетен, во Њујорк.

Мандат и избор

Генералниот секретар има мандат од 5 години, со можност за реизбор. Најголемиот број вршители на оваа функција биле избирани на по два мандати. Според Повелбата на ООН, Генералниот секретар го назначува Генералното собрание на ООН, а го номинира Советот за безбедност. Поради тоа, изборот на Генералниот секретар е подложен на вето, односно мора да биде со согласност на сите постојани членки на Советот за безбедност.

Во пракса, ниеден Генерален секретар не бил од земјите кои се постојани членки на Советот за безбедност, и сите биле избирани како резултат на најширок можен компромис.

Досегашни Генерални секретари

#Генерален секретарМандатДржавјанство Причина за повлекување Реф.Гледвин Џеб24.10.1945 – 1.2.1946 Обединето Кралство (Европа)Бил вршител на должноста до изборот на првиот Ген. секретар. 1100pxТригве Ли1.2.1946 – 10.11.1952 Норвешка (Европа)Дал оставка поради притисокот од СССР.The United Nations: Trygve Haldvan Lie (Norway). Accessed 13 декември 2006.2100px|Даг Хамаршелд10.4.1953 – 18.9.1961 Шведска (Европа)Загинал во авионска несреќа во Северна Родезија (денес Замбија), додека бил на мировна мисија во Конго.The United Nations: Dag Hammarskjöld (Sweden). Accessed 13 декември 2006.3100pxУ Тант30.11.1961 – 31.12.197120px Бурма (Азија)Не сакал да се кандидира за трет мандат.The United Nations: U Thant (Myanmar). Accessed 13 декември 2006.4Курт Валдхајм1.1.1972 – 31.12.1981 Австрија (Европа) Кина ставила вето на неговиот трет мандат.The United Nations: Kurt Waldheim (Austria). Accessed 13 декември 2006.5100pxХавиер Перес де Куељар1.1.1982 – 31.12.1991 Перу (Јужна Америка)Не сакал да се кандидира за трет мандат.The United Nations: Javier Pérez de Cuéllar (Peru). Accessed 13 декември 2006.6100pxБутрос Бутрос Гали1.1.1992 – 31.12.1996 Египет (Африка)САД ставиле вето на неговиот втор мандат.The United Nations: Boutros Boutros-Ghali (Egypt). Accessed 13 декември 2006.7100pxКофи Анан1.1.1997 – 31.12.2006 Гана (Африка)Се повлекол по два мандати.The United Nations: The Biography of Kofi A. Annan. Accessed 13 декември 2006.8100pxБан Ки Мун(반기문;潘基文)1.1.2007–31.12.2016 Јужна Кореја (Азија)31 декември 2016.Ban Ki-moon is sworn in as next Secretary-General of the United Nations8100pxАнтонио Гутерес(반기문;潘基文)1.1.2017– Португалија (Европа)На функција.

Наводи