thumb|right|250px|Хигија, римска статуа, околу 200 н.е. Во старогрчката митологија, Хигија (грч. ) — ќерка на Асклепиј. Таа е божица на здравјето, чистотата и санитетот, а подоцна и на месечината. Таа игра важна улога и во култот на нејзиниот татко. Додека татко ѝ, надлежна за спречувањето на болести и одржувањето на добро здравје. Нејзиното име е извор за поимот „хигиена“.
Култ мини|Статуа на божицата Хигија во Карлови Вари, Чешка Во Атина, Хигија била култно почитувана барем од VII век п.н.е.. „Атена Хигија“ е една од култните звања на божицата Атена. За неа зборува Плутарх кога раскажува за изградбата на Партенонот:
Во II век н.е., географот павзаниј ги забележал статуите на Хигија и Атина Хигија близу влезот на Акрополот во Атина.Павзаниј, I.23.4; тврдењето во „Природознание“ од Плиниј (xxxiv.80) Pyrrhus fecit Hygiam et Minervam се смета дека се однесува на овие статуи: видете H. B. Walters, "Athena Hygieia" The Journal of Hellenic Studies 19 (1899:165-168) стр. 167. thumb|left|upright|Хигија на сликата „Медицина“ од Густав Климт, 1901 Меѓутоа, култот на Хигија како независна божица не почнал да се шири сѐ до нејзиното признавање во пророчиштето во Делфи, како и по разорувачката Атинска чума (430-27 п.н.е.) и во Рим во 293 п.н.е.
Нејзините најзначајни храмови се наоѓале во Епидаур, Коринт, Кос и Пергам. Географот Павзаниј забележал дека кај асклепионот во Титана во Сикион (основан од Алексанор, внук на Асклепиј), статуите на Хигија на главата биле прекриени со женска коса и вавилонска облека. Според натписите, истите нешта се жртвувале и во Парос.
Арифрон, сикионски уметник од IV век п.н.е. напишал добро позната пофалбена химна во чест на оваа божица. Меѓу другите вајари, статуи на Хигија имаат изработено вајарите Скопас, Бријакс и Тимотеј, но не постои јасен опис за тоа како тие изгледале. Честопати Хигија била прикажувата како девојка која храни голема змија обвиткана околу неа, а на други статуи змијата пие од стомната во рацете на Хигија.Наоѓаме слични статуи, но со повоинствен карактер, кои ги претставуваат Атена и Ерихтониј. Овие карактеристични елементи подоцна прешле и кај галско-римската божица на лекувањето наречена Сирона. Хигија ја придружувал нејзиноот брат Телесфор.
Зборот „Хигија“ претставувал поздрав меѓу Питагорејците.
Поврзано Хигиин пехар 10 Хигија — голем астериод наречен по божицата
Наводи
Надворешни врски
Македонски Релјеф - Асклепиј, Хигија и Телесфор с. Црвулево, штипско, III век. Музеј на Македонија Странски Поект Теој: Хигија старогрчки и латински написи, во англиски превод
Категорија:Старогрчка митологија Категорија:Старогрчки божици