Отпорен на смрт (англиски: Death Proof) е американски филм од 2007 година, режиран од Квентин Тарантино, кој е автор и на сценариото. Во филмот настапуваат Курт Расел, Зои Бел, Розарио Досон, Ванеса Ферлито, Џордан Лед, Сидни Поатје, Трејси Томс, Мери Елизабет Винстид и Роуз Мекгован.

Филмот е посвета на насилните филмски жанрови од 1970-те години. Тој се прикажувал во кината во САД заедно со филмот „Планетата терор“ (Planet Terror)) на Роберт Родригес како втор дел од заедничкиот проект „Грајндхаус“ (Grindhouse), со цел да се копира искуството на гледање на два експлоатациони филмови во една вечер, во т.н. „грајндхаус“ () кина. Филмовите биле објавени одделно на DVD, додека „Отпорен на смрт“ бил издаден во продажба на 19 септември 2007.

Содржина Филмот се фокусира околу психопатскиот каскадер Мајк (го игра Расел), кој следи млади жени, ги фотографира, а потоа ги убва во наместени автомобилски несреќи, употребувајќи го својот каскадерски автомобил кој е „отпорен на смрт“. Еднаш, во Остин, Мајк се спријателува со неколку девојки кои излегуваат во еден клуб. По неколку пијачки и заводлив танц со нив, тој поаѓа во својата убиствена акција. Другпат, во Тенеси среќава група девојки кои работат како глумици и каскадерки во филмовите од Б-продукцијата. Гледајќи ги како се забавуваат со својот автомобил, повторно не може да се воздржи од убиствениот нагон...Антена, број 857, 28.11.2014, стр. 27.

Наводи

Поврзано Грајндхаус (филм) Планета Терор

Надворешни врски

Официјално мрежно место

Рецензија на „Отпорен на смрт“ на Cahiers du cinéma

Категорија:Американски филмови Категорија:Трилери Категорија:Филмови од 2007 година Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови на Квентин Тарантино Категорија:Филмови со Курт Расел Категорија:Филмови со Сидни Поатје