thumb|Патен знак за Баганур. Баганур (, Мало езеро) — град во Монголија и воедно еден од деветте области во Улан Батор. Оваа област (дистрикт) е поделена на четири супдистрикти.
Баганур всушност е посебен град, сместен на границата помеѓу покраините Тов и Хентиј. Градот бил создаден најпрво како воена база од страна на Советскиот Сојуз. Воедно, денес градот е еден од најиндустриските градови во Монголија и меѓу десетте најголеми градови во Монголија. Во последно време има покренато иницијатива за одделување на градот од административната единица Улан Батор.
Сообраќај Баганур се наоѓа на Транс-монголската железничка линија, главна линија што ја поврзува Кина со Русија.
Поврзано Список на градови во Монголија Улан Батор
Наводи
Категорија:Градови во Монголија Категорија:Области во Монголија