Суматрански носорог () — член на семејството на носорозите и е еден од петте преживеани видови на носорози. Овој вид е најмалиот носорог со висина на рамениците од 120 до 140 сантиметри, должина од 250 сантиметри и тежина од 500 до 800 килограми. Како и африканските видови на носорози, така и овој вид има два рога. Предниот рог е поголем и најчесто е со должина од 15 до 25 сантиметри, додека другиот рог претставува само мало трупче. Телото на овој носорог е прекриено со црвенкасто-кафеаво крзно.

Единките од овој вид во минатото биле распространети во мочуриштата, дождовните и облачните шуми во Индија, Бутан, Бангладеш, Мјанмар, Лаос, Тајланд, Малезија, Индонезија и Кина (во југозападниот дел од Кина, поточно во Сечуан) The Art of Rhinoceros Horn Carving in China (1999), p. 27. Jan Chapman. Christie’s Books, London.The Golden Peaches of Samarkand: A study of T’ang Exotics (1963), p 83. Edward H. Schafer. University of California Press. Berkeley and Los Angeles. First paperback edition: 1985.. Овие животни се критично загрозени бидејќи има само шест значајни популации во дивината: четири во Суматра, една во Борнео и една на Малезискиот Полуостров. Многу е тешко да се процени нивната точна бројка бидејќи Суматранскиот носорог е самотно животно кое се движи на големи пространства. Сепак според некои проценки, бројката се движи околу 300 единки. Намалување на популациите најмногу се должи на ловокрадството, бидејќи нивните рогови се доста ценети во традиционалната кинеска медицина. На црниот пазар достигнуваат цена од 30.000 американски долари за еден килограм коска. Закана претставува и загубата на природното живеалиште, односно уништување на шумите за создавање земјоделски површини.

Суматранскиот носорог е самотно животно, но за време на сезоната за парење и при одгледувањето на младенчињата може да живее во близина на друга единка. Ова е највокален вид од сите носорози, но исто така комуницираат и со оставање белези на почвата и оставање измет. Суматранскиот носорог е многу повеќе познат од сличниот јавански носорог, најмногу поради програмата со која 40 суматрански носорози се чуваат во заробеништво со цел зачувување на видот. Оваа програма била прогласена за катастрофа, откако повеќето носорози умреле и не дале потомство речиси 20 години.

Таксономија Првиот документиран суматрански носорог бил застрелан на 16 километри од Бенкулу, близу до западниот брег на Суматра во 1793 година. Цртежи од ова животно и запишани описи биле испратени на природонаучникот Џозеф Бенкс, тогашен претседател на Лондонското кралско друштво. Уште истата година бил објавен научен труд за овој вид. Сепак, дури во 1814 година, овој вид ќе добие научно име, кое го дал Јохан Фишер фон Валдхајм, германски научник и управник на Дарвиновиот музеј во Москва, Русија .

Научното име Dicerorhinus sumatrensis доаѓа од грчките зборови δι (ди, што значи „два“), κέρας (церо, што значи „рог“) и ρινος (ринос, што значи „нос“) . Sumatrensis е добиено од името „Суматра“, остров во Индонезија на кој првично биле откриени овие носорози. Карл Лине прво ги класифицирал овие животни во родот Rhinoceros (го имале името Rhinoceros sumatrensis). Џошуа Брукс сметал дека дворогиот суматрански носорог не треба да биде во ист род со носорозите кои имаат само еден рог, па во 1828 година го формира новиот род Didermocerus. Во 1841 година Константин Вилхелм Ламберт Глогер го предложил името Dicerorhinus, а во 1868 Џон Едвард Греј го предложил името Ceratorhinus. Иако нормално се употребува името кое е прво предложено, во 1977 година Интернационалната комисија за зоолошко именување утврдила дека за овој посебен вид ќе се употребува името DicerorhinusInternational Commission on Zoological Nomenclature (1977). "Opinion 1080. Didermocerus Brookes, 1828 (Mammalia) suppressed under the plenary powers". Bulletin of Zoological Nomenclature, 34:21–24..

Постојат три подвида на суматранскиот носорог:

D.s. sumatrensis или познат како западен суматрански носорог. Од овој подвид се останати само 275 носорози, најмногу во западна Суматра. Околу 75 единки живеат на Малајскиот Полуостров. Најголема закана за овој подвид претставува уништувањето на природното живеалиште и ловокрадството. Постои мала генетска разлика меѓу западниот и источниот суматрански носорогAsian Rhino Specialist Group (1996). Dicerorhinus sumatrensis ssp. sumatrensis . 2007 Црвен список на МСЗП. МСЗП 2007. .. Носорозите од Малајскиот Полуостров во минатото биле познати како D.s. niger, но подоцна било утврдено дека всушност се слични со западниот подвид. D.s. harrissoni или познат како источен суматрански носорог или носорог од Борнео. Денес се смета дека се останати само 25 единки од овој подвид. Познатата популација живее во Сабах, Борнео. Постојат и непотврдени информации за животни во Саравак и Калимантан Asian Rhino Specialist Group (1996). Dicerorhinus sumatrensis ssp. harrissoni . 2007 Црвен список на МСЗП. МСЗП 2007. .. Овој подвид го добил името по Том Харисон кој ги проучувал овие животни во 1960-те години. Источниот подвид е значително помал од останатите два подвида на суматрански носорог. D.s. lasiotis или познат како северен суматрански носорог. Во минатото бил распространет во Индија и Бангладеш, но денес е изумрен во овие региони. Непотврдени извори, укажуваат на мала преживеана популација во Мјанмар, но истражувањата се оневозможени од политичката ситуација во оваа земјаAsian Rhino Specialist Group (1996). Dicerorhinus sumatrensis ssp. lasiotis . 2007 Црвен список на МСЗП. МСЗП 2007. .. Името lasiotis е добиено од грчкиот јазик и значи „влакнести уши“. Подоцна биле утврдено дека влакната на ушите не се поголеми од тие на останатите подвидови, но сепак овие животни останале како посебен подвид поради тоа што се значително поголеми од останатите.

Еволуција

Предците на носорозите се одвоиле од останатите парнокопитни животни за време на раниот еоцен. Според извршените анализи на митохондријална ДНК, предците на денешните носорози се одвоиле од предците на семејството коњи (Equidae) пред околу 50 милиони години. Преживеаното семејство, носорози (Rhinocerotidae) за првпат се појавила во Евроазија за време на доцниот еоцен, а потоа овие животни се распространиле низ Азија во почетокот на миоценот .

Суматранскиот носорог се претпоставува дека е последниот вид кој се одвоил од миоценските предци, бидејќи има најмногу слични одлики со нив. Палеонтолошки докази во форма на фосилни остатоци, укажуваат дека родот Дицероринус е присутен од раниот миоцен, односно од пред 23 до 16 милиони години. Молекуларното одредување на старост укажува дека овој род се одвоил од останатите преживеани носорози пред 25,9 ± 1,9 милиони години. Предложени се три хипотези за врските помеѓу суматранскиот носорог и останатите преживеани рода. Едната хипотеза тврди дека суматранскиот носорог е близок со црниот и белиот носорог, поради тоа што има два рога наместо еден. Други истражувачи суматранскиот носорог го сметаат за сестрински таксон на јаванскиот и индискиот носорог поради тоа што имаат слична распространетост. Трета група истражувачи се служат со последните анализи и тврдат дека двата африкански вида, двата азиски вида и суматранскиот носорог всушност претставуваат три лози кои се одвоиле пред околу 2,9 милиони години, но сѐ уште не е јасно која од овие групи се издвоила прва.

Поради морфолошките сличности, суматранскиот носорог се смета за близок роднина на изумрениот влакнест носорог (Coelodonta antiquitatis). Влакнестиот носорог, наречен така поради крзното кое му го прекрива телото за првпат се појавил во Кина, и до доцниот плеистоцен веќе бил распространет низ целиот Евроазиски Континент од Кореја до Шпанија. Влакнестиот носорог го преживеал последното ледено доба, но како и влакнестиот мамут изумреле пред околу 10 000 години. Иако според некои морфолошки анализи постои сомневање во поврзаноста на овие два носорози, сепак последните молекуларни анализи потврдуваат дека ова се сестрински таксоми. Многу фосили се класифицирани како членови на Dicerorhinus, но сепак во него спаѓа само еден преживеан вид – суматранскиот носорог.

Особености thumb|Скелет на суматрански носорог

Возрасен суматрански носорог до рамениците има висина од 120 до 145 сантиметри, должината на телото изнесува околу 250 сантиметри и тежи помеѓу 500 и 800 килограми. Најтешките единки, кои претежно се оние во заробеништво, достигнуваат и до 1000 килограми. Како и африканските видови, и суматранскиот носорог има два рога. Поголемиот е со просечна должина од 15 до 25 сантиметри, а најдолгиот регистриран рог бил со должина од 81 сантиметар. Вториот рог е доста помал, најчесто со должина помала од 10 сантиметри. Поголемиот рог е познат како носен или преден, а помалиот како челен рог. Роговите имаат темносива или црна боја. Иако мажјаците имаат малку поголеми рогови од женките, сепак не се забележува полов диморфизам. Животниот век на суматранскиот носорог во дивината се проценува на 30 до 45 години. Во заробеништво најдолг живот имала женка од Лондонската зоолошка градина, која умрела во 1900 година на возраст од 32 години и 8 месеци.

Кожата на носорогот е тенка, само 10 до 16 милиметри, и во дивината носорозите немаат поткожно сало. Крзното може да биде доста густо (најчесто кај младенчињата) или прилично ретко, најчесто со црвенкасто-кафена боја. Во дивината е тешко да се набљудува крзното на овие животни бидејќи речиси секогаш се прекриени со кал. Во заробеништво крзното е доста подолго и погусто. Суматранскиот носорог има прамени од долги влакна околу ушите и густ влакнест дел на врвот на опашката. Како и останатите носорози, така и овој има многу слаб вид. Суматранскиот носорог е доста агилен и брз, може лесно да се качува по планини и лесно поминува низ тревни падини и речни брегови.

Распространетост и живеалиште thumb|Во Националниот парк Таман Негара живее единствена позната голема популација на суматрански носорози. thumb|Облачна шума во Сабах, Борнео

Суматранскиот носорог населува и низини и планински предели, односно мочуришта, дождовни шуми и облачни шуми. Најчесто се населува во ридски предели близу до вода, во кои има пасишта. Во минатото суматранскиот носорог го населувал целиот простор меѓу северен Мјанмар, источна Индија и Бангладеш. Непотврдени извори тврдат дека живеел и во Камбоџа, Лаос и Виетнам. Денес, сите преживеани единки од овој вид живеат во Малезија, на островот Суматра и Сабах, Борнео. Некои истражувачи се надеваат дека сѐ уште има мали преживеани популации во Мјанмар, иако ова се смета за речиси невозможно. Поради политичката состојба во Мјанмар, не може да се изведат истражувања за можни преживеани популации.

Суматранскиот носорог е прилично распрскан низ регионите на неговата распространетост, многу повеќе од кој било друг азиски носорог, што го прави уште потешко неговото истражување и пребројување на единките. Постојат само шест региони во кои се знае дека има средни популации од овој носорог: Националниот парк Букит Барисан Селатан, Националниот парк Гунунг Леусер, Националниот парк Керинци Себлат и Националниот парк Веј Камбас на Суматра, Националниот парк Таман Негара на Малаја, и Резерватот за диви животни Табин во Сабах, Малезија на островот Борнео.

Генетските анализи на популациите на Суматранскиот носорог укажале на постоење на три лози. Носорозите од источна Суматра и Малаја се многу поблиски отколку носорозите од другата страна на планините Барисан во западниот дел на Суматра. Носорозите од источна Суматра и Малаја имаат многу мали генетски варијации поради што се претпоставува дека овие две лози не се одвоиле за време на плеистоценот. И двете популации се толку блиски што без проблем можат да се размножуваат. За разлика од нив носорозите од Борнео се доста различни, па не е препорачливо да има мешање на оваа лоза со двете останати. Генетичарите почнале да ја проучуваат разновидноста на гените во овие популации преку идентификација на микросателити.

Поведение