мини|Охрид во зорите на почетокот на 20 век мини|Зора, Египет. мини|Зора во Пенг Чау, Хонгконг.

Зора, мугра или арх. зорнина — периодот пред изгрејсонцето. Позната е по присуството на слаба сончева светлина, додека самото сонце сè уште е позади хоризонтот.

Постојат повеќе дефиниции за зората, како што се: Астрономска зора: моментот кога небото повеќе не е целосно темно, симетрички дефинирана како времето кога сонцето е 18 степени зад хоризонтот во утрото. Морнарска зора: времето кога нема доволно сончева светлина за хоризонтот и некои предмети да бидат доволно видливи, симетрички дефинирана како времето кога сонцето е 12 степени зад хоризонтот во утрото. Граѓанска зора: времето кога има доволно светлина за да предмети бидат доволно видливи и времето кога луѓето и други живи организми можат да започнат со надворешните активности, симетрички дефинирана како времето кога сонцето е шест степени зад хоризонтот.

Зората не треба да се меша со изгрејсонцето, што е моментот кога предниот раб на самото сонце се појавува над самиот хоризонт.

Зората како тема во уметноста Зората како мотив во книжевноста „На Исланд в зори“ — песна на аргентинскиот писател Хорхе Луис Борхес.Хорхе Луис Борхес, Изабране песме. Српска књижевна задруга, Београд, 1982, стр. 124. „Зора“ (шпански: Alba) — песна на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка.Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 30. „Зора“ (шпански: La aurora) — песна на Федерико Гарсија Лорка.Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 120. „Њујоршка зора“ — песна на Федерико Гарсија Лорка.Федерико Гарсија Лорка, Песме. Рад, Београд, 1970, стр. 93. „Разденување“ — песна на македонскиот поет Стојан Тарапуза.Стојан Тарапуза, Сон на тркала, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2015, стр. 5. „Зорите на Могер“ — песна на шпанскиот поет Хуан Рамон Хименес.Huan Ramos Himenes, Ja nisam ja. Rad, Beograd, 1977, стр. 70. „Зазорување“ — песна на Хуан Рамон Хименес.Huan Ramos Himenes, Ja nisam ja. Rad, Beograd, 1977, стр. 16. „Зора се зори“ - македонска народна песна.Ѓорѓи Доневски, Сокол ми лета високо. Скопје: Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“, 1978, стр. 117.

Зората како мотив во популарната музика „Есенска зора“ (англиски: Autumn Dawn) — песна на американската рок-група Allah Las од 2016 година.Allah Las* – Calico Review (пристапено на 15.11.2024) „Бавниот воз до зората“ (англиски: Slow Train To Dawn) — песна на британската електронска група The The од 1986 година.Discogs, The The – Infected (пристапено на 23.3.2021) „Зора на розовите црвени прсти“ (англиски: Dawn of the rose red fingers) - песна на Никола Коџабашија и групата Фолтин од 2011 година.Kodjabashia & Foltin feat. Goce Stevkovski, Penelope X, LTM 001, 2011. „Зазорување на утрото“ (англиски: Morning Dawning) - песна на британската рок-група Кричрс (The Creatures) од 1983 година.DISCOGS, The Creatures – Feast (пристапено на 16.8.2021) „Зората не може да одлучи“ (англиски: Dawn Can't Decide) - песна на американската рок-група Лемонхедс (The Lemonheads) од 1993 година.Discogs, The Lemonheads ‎– Come On Feel The Lemonheads (пристапено на 2.9.2020) „Зора“ — песна на хрватската рок-група Лет 3 од 1989 година.Let 3 – Two Dogs Fuckin' (пристапено на 1.3.2023) „Постојана зора“ (англиски: Perpetual Dawn) — песна на британската техно-група The Orb од 1991 година.The Orb – The Orb's Adventures Beyond The Ultraworld (пристапено на 31.5.2023) „Нова зора избледува“ (англиски: New Dawn Fades) - песна на британската рок-група Џој дивижн (Joy Division) од 1979 година.Discogs, Joy Division ‎– Unknown Pleasures (пристапено на 29.12.2020)

Наводи

Поврзано

Изгрејсонце Утро Зајдисонце Квечерина Самрак

Категорија:Делови од денот Категорија:Ноќ Категорија:Природни појави