Констанциј I Хлор (латински:Flavius Valerius Constantius, Flavius Valerius Constantius Chlorus, Constantius I) бил римски цар. Познат и како Флавиј Валериј Констанциј. Со Римското Царство управувал од 293 до 305 година, заедно со Максимијан. Се нарекува Хлор поради својот блед тен на кожата како и од морската болест од која што страдал. Како цезар управувал со Галија, Германија и Реција. Во 293 година Британија била изгубена, но во 296 година, Констанциј I Хлор повторно ја вратил во територијата на Римското Царство. Поголемиот дел од своето владеење го поминал на британскиот остров во Еборак, денешен Јорк.
Категорија:Константинова династија Категорија:Родени во 250 година Категорија:Починати во 306 година Категорија:Римски цареви од 3 век Категорија:Римски цареви од 4 век Категорија:Конзули на Римското Царство