Амазон (Amazonas) е држава во Бразил, сместена северно. Се граничи со (надесно) Рораима, Пара, Мато Гросо, Рондонија, и Акре. Исто така се граничи и со Перу, Колумбија и Венецуела. Тоа ги вклучува департманот Амазон во Колумбија, како и истоимената сојузна држава во Венецуела (не се граничи со перуанскиот регион Амазон). Главна одлика на Амазони е густата шума. Ова е најголемата бразилска држава по површина со 1.57 милиони квадратни километри. Престолнина е Манаус. Иако далеку од океанот, Манаус е пристаниште.

Географија thumb|left|Амазонска дождовна шума. Амазон е наречена по реката Амазон, и на оваа територија се наоѓа највисоката бразилска планина, Пико де Неблина, 2,994 метри над нивото на морето. Државата скоро целосно е покриена со Амазонска дождовна чума, околу 98%,The New York Times article on 2005 drought in Amazonas и е разделена на три дела визави: igapos - перманентно наводнета земја; varzeas - повисока од игапош, земјата е само под вода за време на врнежлива сезона; ниска висорамнина - никогаш под вода.

Клима Во државава владее екваторска клима. thumb|left|160px|Victoria amazonica, Амазон.

Историја Името "Amazonias" е дадено од шпанските истражувачи, кои се бореле со домородните жени воинки коишто биле именувани по воинствените жени од старогрчката митологија. Друга верзија е дека името Амазон доаѓа од домороден збор, amassunu, што значи "звуци на водите".

Она што денес е Амазон, е ставено под контрола 1494 со Договорот од Тордесилас, којшто фактички ја поделил Земјината топка, без Европа, на шпански и поругалски дел. 190px|left|thumb|right|Сао Себастиао, Црква. Во почетокот, повеќето од Јужна Америка (освен мал дел од денешниот бразилски брег) бил под Шпанија. Но, Португалците ја контролирале територијата во практика. Шпанија официјално ја предала повеќето територија со Договорот од Мадрид (1750-та). Државата Амазон официјално е создадена од Дом Педро II во 1850-та.

Демографија thumb|right|Манаус Во 2007 населението брои 3,351,000 со густина на населеност 2,1 ж./км2.

Урбанизација: 77.6% (2006); Прираст: 3.3% (1991-2000); Домаќинства: 819,000 (2006).Извор: PNAD.

Структура: 2,489,000 Пардо (74.3%), 703,000 Бели (21.0%), 144,000 Црни (4.3%), 13,000 Азијати или Домородци (0.4%).

Стопанство thumb|Amazonas Шопинг центар во Манауш. Индустрискиот сектор зафаќа најголем дел од БДП, 69.9%, следен од секторот за услуги 26.5%, аграрот 3.6% (2004). Амазон извезува: мобилни телефони 48.7%, други електрични уреди 19.5%, мотоциклети 7.7% (2002).

Удел во бразилската економија: 1.6% (2005).

Статистика Возила: 351.536 (март 2007); Mобилни телефони: 1,4 милиони (април 2007); Телефони: 457.000 (април 2007); Градови: 143 (2007).SИзвор: БИГС.

Образование Португалскиот е службен, но англискиот и шпанскиот се дел од официјалниот образовен систем. Образовни институции Федерален Универзитет Амазон (UFAM); Државен Универзитет на државата Амазон (UEA);

Инфраструктура Аеродроми Меѓународен аеродром Едуардо Гомеш - е како мал град во развој. Со 3,300 вработени.

Автопати BR-174, BR-210, BR-230, BR-307, BR-317, BR-319, BR-411, BR-413.

Поголеми градови Манаус, Итакоатјара, Манакапуру, Паринтинш, Тефее, Коари, Сао Габриел да Качоејра

Наводи

Надворешни врски Официјална страница Бразилски туристички портал

Категорија:Бразил Категорија:Сојузни држави во Бразил

Категорија:Држави и територии настанати во 1850 година