Бугарска Чука или Туглаш — врв на планината Галичица со висина од 1.801 м. Врвот се наоѓа источно од селото Пештани и југозападно од градот Охрид.Петрушевски, Илија. (2012). Попис на врвовите во Република Македонија. Скопје. стр. 19.
Историја Врвот го добил името по распоредот на војските за време на Првата светска војна, каде што се протегала линијата на Солунскиот фронт. Веднаш зад чуката се гледа врвот Магаро, кој е највисоката точка на планината Галичица, со 2.275 m надморска височина.
На Бугарска Чука сè уште има остатоци од воените дејства од времето на Првата светска војна како ровови, шлемови и пушки. За време на пожарот од 2007 година експлодирале заостанати гранати.
Бугарска Чука е највисокиот врв во овој дел на планината Галичица, од кој има можност за истовремен поглед кон Охридското и Преспанското Езеро.
Поврзано Пештани
Наводи
Категорија:Галичица Категорија:Врвови во Македонија