Барич (или Баричка Клисура) — кањон во Општина Маврово и Ростуше, западна Македонија, најдлабок во државата.Ивица Милевски: Физичка географија на Република Македонија. Скопје, 2008, стр. 15. Сместен е во добро обликуваната клисура на Радика која лежи на расед. Ја исцртува границата помеѓу областите Горна и Долна Река.

Се протега помеѓу планините Бистра и Кораб, од сливот на Рибничка Река до сливот на Жировничка Река. Има лачен облик и долга е 9 км. Самиот кањон е тесен. Вертикалните отсеци се високи помеѓу 300 и 350 м. Пошироката кањонската клисура е длабока од 1.200 до 1.300 м, што ја прави најдлабока во Македонија.

Поврзано Дервенска Клисура

Наводи

Категорија:Клисури во Македонија Категорија:Општина Маврово и Ростуше