Црн Врв — врв на Градиштанска Планина со висина од 774 м.

Местоположба и опис Врвот се наоѓа во јужниот дел на планината, на било коешто ги раздвојува Скопската Котлина на северозапад и Велешкото Поле на југоисток, и на коешто се наоѓаат и врвовите Китка (759 м) и Капавица (678 м). На врвот се наоѓаат радиодифузен објект и првиот предавател со многу висока честота.„Сектор Емисиона Техника“. ЈП Национална Радиодифузија.

Искачување Врвот е најлесно пристапен од северната страна, каде што со пат е поврзан до селото Брезица на надморска височина од 698 м. Тој може да се искачи и од селото Крушје од североисток долж течеието на реката Лониште и преку соседниот врв Капавица, како и од селото Рудник од југоисток долж течението на реката Лајковица со свртување кон северозапад преку седлото коешто го одвојува со врвот Капавица.

Галерија

Поврзано Градиште

Наводи

Категорија:Градиштанска Планина Категорија:Врвови во Македонија