мини|десно|Црквата „Св. Фотина“. Катерина (, Катерини) — град во Егејска Македонија и седиште на округот Пиерија и Општина Катерина. Се наоѓа во Пиериската Низина, помеѓу Олимп и Солунскиот Залив, на надморска височина од 14 м. Градот, кој е еден од најновите во Грција, има 56.576 жители (според пописот од 2001). Се наоѓа близу градот Солун, вториот најголем град во Грција, кој придонел многу во развојот на Катерина во послените неколку години. До Катерина се стигнува преку главниот автопат Солун-Атина GR-1/Е75 (со две клучки близу градот) и магистралата „Егнатија“ на север. До градот водат линии на месните и државните возови од главната линија од Атина до Солун, додека пак присутна е и значајна регионална и државна автобуска мрежа со филијала во градот.

Катерина е блиску до морето (6 км) и неколку археолошки наоѓалишта кои привлекуваат многу туристи како древномакедонскиот свет град Дион (5 век п.н.е., оддалечен 17 км) и венецијанскиот замок во Платамонски замок. Подножјето на Олимп и гратчето Литохоро се наоѓаат на околу 20 км од центарот на Катерина.

Име Името на градот потекнува од Катерина Александриска, православна маченичка која живеела во 4 век. Бил ослободен од Отоманците на 16 октомври 1912 г. За време на Втората светска војна бил окупиран од германската армија на 14 април 1941 и бил ослободен три дена подоцна. Катерина се споменува во песната на Микис Теодоракис το τρένο φεύγει στις οκτώ (македонски: возот заминува во осум), чиј текст е напишан од поетот Манос Елефтериу. Оваа песна е популарна и ден денес.

Фудбал Катерина е дом на два фудбалски тима; Пиерикос, фудбалски клуб кој моментално игра во втората лига. Другиот е Етникос Катерини.

Населението низ годините Година Население Промена Население во општината Примена 1981 38.404 - - - 1991 43.613 5.209/13,56% 48.673 - 2001 - - 56.576 7.903/16,24%

Познати личности од Катерина Александрос Sиолис — фудбалер

Збратимени градови Чачак, Србија Мосбург, Австрија Мајнтал, Германија Сургут, Русија

Поврзано Пиерија Катерина (општина)

Извори

Наводи

Надворешни врски

Англиските времиња на Катерина

Категорија:Катерина (општина) Категорија:Градови во Егејска Македонија