Гоно Христов Манчев — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонската револуционерна организација, кој подоцна се приклонил на конзервативното-централистичко крило и станал струмички војвода на ВМРО (Автономистичка).

Животопис

Манчев е роден во 1883 година, во струмичкото село Робово, тогаш во Отоманското Царство. Завршил основно образование. Член на ВМОРО станал во 1901 година, и учествувал во Илинденското востание. До 1912 година, тој бил курир на ВМРО (Автономистичка). Во периодот од 1921 до 1923 година, тој бил струмички помошник на војвода, а од 1924 година, бил самостоен војвода во Струмичко. Загинал во 1927 година, во месноста Коџа Баир во планината Беласица во судир против српски чети.Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 99.Свобода или смърт, 1928, бр. 62, стр. 3-4

Наводи

Категорија:Луѓе од Робово (Струмичко) Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Дејци на ВМРО Категорија:Дејци на ВМРО од Струмица Категорија:Македонски револуционери Категорија:Македонски војводи Категорија:Учесници во Илинденското востание