Томас Роберт Малтус (; 13 февруари 1766 – 23 декември 1834)Неколку извори велат дека починал на 29 декември 1834. Вид. Meyers Konversationslexikon и Биографијата од Најџел Малтус . Но „Британика 1911“ го наведува датумот 23 декември 1834. — англиски економист и научник чие дело има големо влијание врз политичката економија и демографијата. Познат е како идеолог на малтузијанството, кое тргнува од претпоставката дека изворот на бедата во општеството треба да се бара во неконтролираниот пораст на населението и предлага низа мерки за спречување на оваа појава.

Неговиот главен придонес бил да го привлече вниманието кон можните опасности од растот на населението: „Моќта на населението е бескрајно поголема од моќта на земјата да произведе средства за живот за човекот.“Malthus T.R. 1798. An essay on the principle of population. Chapter 1, стр. 13 во Oxford World's Classics. За Малтус, како свештеник, ова било теолошки спротивно на учењето на доблесно однесување: оптимистичките идеи за општествена реформа се осудени на пропаст. Со тоа, спротивно на утопиите на писателите како Русо и Гудвин, Малтус на читателот му претставил дистопија, негативна слика за светот. Катастрофа што настанува како последица на раст на населението кој ги надминува средствата е позната како „малтузијанска катастрофа“.

Малтус ја ставил краткорочната стабилност на економијата над краткорочната целесообразност. Тој ги критикувал законите за сиромашните,Malthus T.R. 1798. An essay on the principle of population. Chapter V, p39-45. in Oxford World's Classics reprint. и (единствен меѓу значајните современи економисти) ги поддржал законите за пченката, кои вовеле систем на увозни даноци за пченицата. Малтус објаснувал дека тоа ќе го охрабри домашното производство и донесе долготрајна корист.Malthus T.R. 1798. An essay on the principle of population. xx in Oxford World's Classics reprint.

Малтус станал многу влијателен и спорен во економијата, политиката, во општествената и во научната мисла. Го читале многумина од подоцнежните претставници на еволуционата биологија,not only after Darwin: some of the British proto-evolutionists (such as Вилијам Лоренс) read him, and Патрик Метју certainly did: he published in 1839 a short book, Emigration fields (Black, Edinburgh)encouraging emigration, in part as a solution to the problem of over-population. особено Чарлс Дарвин и Алфред Расел Волес, за кои тој претставувал отскочна штица до опстанокот на најприспособените.Browne, Janet 1995. Charles Darwin: Voyaging. Cape, London. p385–390Raby P. 2001. Alfred Russel Wallace: a life. Princeton. p21 and 131 Малтус бил и сè уште е писател од огромно значење. Современите толкувачи главно му се обраќаат со Томас Малтус, но за време на својот живот бил познат по своето средно име, Роберт.

Животопис Томас Роберт Малтус е вториот син на Даниел и Хенриета Малтус, кои имале осум деца и живееле близу Гулдфорд, Сари. Малтус потекнува од богато семејство. Неговиот татко бил близок пријател на филозофот Дејвид Хјум и познаник на Жан-Жак Русо. Младиот Малтус се образовал дома во Брамкот, Нотингемшир и во „Дисентинг Академи”, Варингтон, сè до 1784 година, кога се запишал на „Исусовиот колеџ” во Кембриџ. Таму изучувал многу предмети и добил награди за англиска рецитација, за латински и грчки, а како главен предмет студирал математика. Дипломирал во 1791 година и две години подоцна бил избран за член на универзитетскиот колегиум на Исусовиот колеџ. Во 1797 година станал англикански селски свештеник во Оквуд близу Албури во Сари.

Неговиот портрет и описите од страна на неговите современици, го претставуваат како висок и убав човек, но со зајачка уста.</ref> and descriptions by contemporaries, present him as tall and good-looking, but with a hare-lip and cleft palate.Hodgson, M.H. 2004. Malthus, Thomas Robert (1766–1834). In Rutherford D (ed) Biographical Dictionary of British Economists. Continuum, Bristol. Очигледно, Малтус одбивал да му се наслика портрет сè до 1833 година затоа што се срамел од својата зајачка уста. Оваа мана влијаела врз неговиот говор: вакви вродени мани биле чести во неговото семејство.Martineau, Harriet 1877. Autobiography. 3 vols, Smith, Elder, London. vol 1, p327.

На 12 април 1804 година, Малтус се оженил со својата братучетка Хериет Икерсал, со која имал три деца: Хенри, Емили и Луси. Во 1805 година, станал првиот британски професор по политичка економија на универзитетот Источно-Индиска Компанија (сега познат како Хајлејбери) во Хартфордшир.Malthus T.R. 1798. An essay on the principle of population. Oxford World's Classics reprint: xxix Chronology. Неговите студенти со наклоност му се обраќале со Малтус „Поп” или „Популејшн” (од англиското „population“ што значи „население”). Во 1818 година, Малтус станал член на Академијата на науки.

Малтус е погребан во опатијата Бат во Англија.

„Принципот на населението“

Помеѓу 1798 година и 1826 година, Малтус објавил шест изданија на неговата позната расправа, „Есеј за принципот на населението“, преработувајќи го секое издание за да вклучи нов материјал, да им се обрати на критиките, како и да ги пренесе промените во неговото сопствено гледиште за темата. Оригиналниот текст го напишал како одговор на оптимизмот на неговиот татко и на колегите на неговиот татко, (особено Русо) во врска со идното подобрување на општеството. Малтус го создал неговиот случај како прецизен одговор на делата на Вилијам Годвин (1756-1836) и оние на маркизот Де Кондорсе (1743-1794).

Малтус гледал со скептицизам на идеалите за идно подобрување во судбината на човештвото, имајќи предвид дека низ историјата еден дел од секоја човечка популација бил принуден на сиромаштија. Тој ја објаснил оваа појава укажувајќи дека обично порастот на населението ѝ претходи на експанзијата на средствата на населението, особено на основното средство, храната.

При оценувањето на Малтус, корисно е да се прави разлика помеѓу неговите основните аксиоми, кои се во суштина непобитни, и последиците на аксиомите, за кои нема општо согласување.

Основна теорија: аксиомите „Моќта на населението е толку поголема од моќта на земјата да произведе средства за живот за човекот. Кога е неконтролирано, населението се зголемува со геометриска прогресија. Средствата за живот се зголемуваат само со аритметичка прогресија. Мало запознавање со бројките ќе ја покаже неизмерноста на првата моќ наспрема втората.“

Споредна теорија: последиците „... во сите општества, дури и оние најпорочните, склоноста кон доблесна приврзаност е толку силна што постои постојана усилба за зголемување на населението. Оваа постојана усилба постојано е насочена кон потчинување на пониските класи од општеството за да го погоди и спречи секое големо подобрување на нивната состојба.“

„Начинот на кој се произведуваат овие резултати изгледа дека е следниов: ќе претпоставиме дека средствата за опстанок во некоја земја се еднакви со лесната издршка на нејзините жители. Постојаниот напор за населување... го зголемува бројот на луѓето пред да се зголемат средствата за опстанок. Според тоа, храната со која претходно се издржувале седум милиони, сега треба да се подели на седум и пол милиони или на осум милиони. Затоа сиромашните мора да живеат многу полошо, а многу од нив се доведуваат до тешка немаштија. Бидејќи и бројот на работниците е над обемот на работата на пазарот, цената на трудот мора да е насочена кон опаѓање, додека истовремено цената на набавките покажува тенденција на зголемување. Оттаму, работникот треба да работи повеќе за да заработи исто како претходно. За време на сезоната на немаштија, обесхрабрувањата за склучување бракови и тешкотиите при одгледување на семејство се толку големи што населението е во застој. Во меѓувреме, евтината работна рака, изобилството на работници, како и потребата од пораст на индустријата помеѓу нив ги охрабруваат земјоделците да вработат повеќе работници на нивното земјиште за раскопување на свежата почва и за поцелосно ѓубрење и подобрување на ораницата, сè додека конечно средствата за опстанок не го достигнат истиот сразмер со населението како во периодот од којшто тргнавме. Положбата на работникот тогаш е повторно релативно задоволителна, ограничувањата на населението сè до извесен степен разлабавени и се повторуваат истите ретроградни и прогресивни движења во поглед на среќата.“

Малтус исто така согледал дека низ историјата општествата некогаш доживуваат епидемии, глад или војни: случувања што го прикриваат основниот проблем на преминување на ограничувањата на средствата од страна на населението:

„Моќта на населението е толку поголема од моќта на земјата да произведе средства за живот за човекот, што предвремената смрт во една или друга форма неизбежно го посетува човековиот род. Пороците на човештвото се активни и вешти помагачи на депопулацијата. Тие се претходници на големата армија на уништувањето и често самите ја завршуваат ужасната работа. Меѓутоа, ако тие потфрлат во оваа војна на истребување, болежливите сезони, епидемиите, чумата и заразите напредуваат во ужасен ред и покосуваат десетици илјади. Ако и ова не е доволно, бескрајниот неизбежен глад иде крадешкум во заднина и со еден силен удар го израмнува населението со храната во светот.“

Овој пасус предлага дека техниките на сточарството можат да се применат за луѓето, предвидувајќи ја идејата која во 1883 година Франсис Галтон ја нарекол евгеника (наука за создавање здрав подмладок):

,,Воопшто не е невозможно преку обрнување внимание на одгледувањето да се постигне извесно подобрување меѓу луѓето, слично на она кај животните. Не се знае со сигурност дали интелектот може да се пренесе; но големината, силата, убавината, изгледот, а веројатно и долговечноста сè до извесен степен преносливи.‘‘ Малтус ја отфрла оваа идеја врз основа на тоа дека за нејзино остварување потребен е целибат од страна на „лошите примероци“; нему му било одвратно државното наметнување во приватниот живот.

Предложени решенија „Малтус тврдел дека населението се држи во границите на средствата преку два вида на проверки: позитивни, кои го зголемуваат процентот на смртност, и превентивни, кои го намалуваат процентот на раѓање.“ Позитивните проверки вклучуваат глад, болести и војна; превентивните проверки, абортус, контрола на раѓањето, проституција, одложување на брак и целибат

Во второто и понатамошните изданија, со своето име на насловната страница, Малтус повеќе го нагласува моралното воздржување. Под ова подразбирал доцно склучување на брак додека луѓето да се оспособат за одржување на семејство, поврзано со претходен строг целибат (сексуална апстиненција). „Отишол до таму што тврдел дека во широки размери моралното воздржување е најдоброто средство – навистина, единственото средство – за олеснување на сиромаштијата на пониските класи.“ Овој план се чинел во согласност со доблеста, економска добивка и општественото подобрување.

Според тоа, Малтусовото гледиште за јавната помош за сиромашните е многу интересно. Тој предложил постепено укинување на законите за сиромашните преку постепено намалување на лицата кои се квалификуваат за олеснување. Олеснувањето во страшна беда ќе произлегува од приватни добротворни прилози. Неговото објаснување било дека олеснувањето за сиромашните дејствувало против долготрајните интереси на сиромашните преку зголемување на цената на добрата и поткопувајќи ги независноста и издржливоста на селаните. Со други зборови, законите за сиромашните беа склони да „ги создаваат сиромашните кои ги издржуваат“.

Малтус се навредувал што критичарите тврделе дека немал сочувствителен однос кон состојбата на сиромашните. Во дополнување на изданието од 1817 година напишал:

„Напишав поглавје посебно за практичната насока на нашето милосрдие; а во одделни пасуси на друго место ù оддадов праведно признание на возвишената доблесност на добротворноста.