Ница (; [класичен облик] или Nissa [нестандардно], или Nizza Marittima, , ) — петти најнаселен град во Франција, по Париз, Марсеј, Лион и Тулуза. Урбаната област на Ница се протега надвор од административните граници на градот со население од околу еден милионДемографија: Светски урбани области, март 2010INSEE – Résultats du recensement de la population de 2008 – Aire urbaine de Nice – INSEE, 2008 и зафаќа површина од 721 км2. Сместен на југоисточниот брег на Франција на Средоземното Море, Ница е вториот најголем француски град на средоземниот брег, веднаш зад Марсеј.
Градот е наречен Nice la Belle (окситански: Nissa La Bella), што во превод значи Убавата Ница, а исто така е името на неофицијалната химна на Ница, напишана од Меника Рондели во 1912. Ница е главен град на департманот Приморски Алпи и втор најголем град во регионот Прованса-Алпи-Азурен Брег по Марсеј.
Површината на денешна Ница се протега на „Тера Амата“, археолошко наоѓалиште во кое се најдени докази за многу рано користење на огнот. Околу 350 п.н.е., Грците од Марсеј основале постојана населба и ја нарекле Никеја, по божицата на победата Ника. Низ вековите, градот бил заземан многупати од разни освојувачи. Неговата стратешка местоположба и пристаништето значајно придонеле за неговата поморска сила. Низ вековите бил владение на Савоја, потоа станал дел од Франција помеѓу 1792 и 1815, кога бил вратен на Пиемонт-Сардинија до неговото повторно припојување кон Франција во 1860.
Природната убавина на Ница и нејзината умерена средоземна клима им го привлекло вниманието на богатите Англичани во втората половина на XVIII век, кога голем број на благороднички семејства ги поминувале нивните зими овде. Главното градско шеталиште крај морето, Англиската променада (француски: Promenade des Anglais) го добило своето име во име на посетителите на градот.Alain Ruggiero, op. cit., p. 137 Сега со декади, сликовитата околина на Ница не ги привлекува само оние во потрага по одмор, туку и оние кои бараат инспирација. Чистиот воздух и пријатното светло особено ги привлекле некои од најдобрите сликари, како Марк Шагал, Анри Матис, Ники де Сен Фал и Арман. Нивните дела се прикажани во многуте градски музеи, вклучувајќи ги музејот „Марк Шагал“, музејот „Матис“ и музејот „Бо-Арт Жил Шере“. Ница го има вториот најголем хотелски капацитет во земјата и е еден од најпосетените градови, посетувајќи го над 4 милиони туристи секоја година. Градот го поседува третиот најпрометен аеродром во Франција по двата аеродрома во Париз. Таа е историски главен град на Грофовството Ница (француски: Comté de Nice).
Историја мини|десно|250п|Остатоци од римските бањи на Цеменелум, во денешната населба Симје во Ница) Основање
Првите населувања во областа на Ница датираат од пред приближно 400.000 години; археолошкиот предел Тера Амата ја покажува првата употреба на оган и изградба на куќи, како и наоѓалишта на кремен кои датираат од пред 230.000 години. Ница (Nicaeа) веројатно била основана околу 350 година п.н.е. од страна на Грците од Марсеј и била наречена „Никеја“ во чест на победата над Лигурците (Ника е грчката божица на победата). Градот набрзо станал едно од најпрометните трговски пристаништа на лигурскиот брег; но имал голем соперник во римскиот град Цеменелум, кој продолжил да постои како засебен град до времето на ломбардските инвазии. Урнатините од Цеменелум сега се наоѓаат во Симје (Cimiez), денес округ на Ница.
Ран развој
мини|upright|Кулата на Сен Франсоа
Во VII век Ница се приклучил на Џеновската лига основана од страна на градовите во Лигурија. Во 792 година градот ги поразил Сарацените; но во 859 и повторно во 880 година, Сарацените го ограбиле и запалиле и за време на поголемиот дел од X век останале владетели на околните земји.
Во текот на средниот век, Ница учествувала во војните и историјата на Италија. Како сојузник на Пиза била непријател на Џенова, и кралот на Франција и царот настојувале да го потчинат градот; но, и покрај тоа, градот ја задржал својата слобода. За време на XIII и XIV век, градот повеќепати паднал во рацете на грофовите од Прованса, но на крајот останала независна, иако била поврзана со Џенова.
Ница и Савоја
мини|Ница во 1624 мини|170п|Кралството Пиемонт-Сардинија (сино) и другите независни италијански држави во 1843.
Во 1388 година градот прифатил да биде под заштита на грофовите на Савоја. Ница директно или индиректно учествувала во историјата на Савоја, сè до 1860 г.
Поморската сила на Ница значително се зголемила и била способна да излезе на крај со варварските пирати; утврдувањата на градот биле доста проширени, а патиштата во градот биле подобрени. Во 1561, Емануел Филберт, војвода на Савоја, ја укинал употребата на латинскиот како административен јазик и го поставил италијанскиот јазик како службен јазик во владините служби во Ница.
За време на борбата меѓу Франсоа I и Карло V била направена голема штета од страна на армиите кои ја напаѓале Прованса; чума и глад во градот владееле неколку години. Во 1538, во соседниот град Вилнев-Лубе, двајцата монарси потпишале десетгодишно примирје, со посредство на папата Павле III.
Во 1543, Ница била нападната од обединетите османлиско-француски сили на Франсоа I и пашата Хајрудин Барбароса; иако жителите пружиле отпор на нападот кој следел по ужасното бомбардирање, тие биле принудени на крајот да се предадат, а на Барбароса му било дозволено да го ограби градот и да одведе 2.500 заробеници. Чумата повторно се појавила во 1550 и 1580.
Во 1600, Ница била на кратко преземена од војводата од Гиз. Со отворањето на пристаништата за сите народи и објавувајќи целосна слобода на трговија (1626), на трговијата на градот ѝ бил даден голем поттик, а благородните фамилии учествувале во трговските претпријатија.
Заземен од страна на Катина во 1691 година, Ница била одново вратена на Савоја во 1696; но, во 1705 била повторно запоседната од страна на Французите и следната година биле уништени тврдината и бедемите.
Со договорот од Утрехт во 1713 градот повторно е вратен на војводата од Савоја, кој со истиот договор станал Крал на Сицилија. Во мирните години кои следеле подоцна бил изграден „новиот град“. Од 1744 до Ахенскиот мир (1748), Французите и Шпанците повторно стануваат владетели. Во 1775, кралот, кој во 1718 го заменил суверенитетот на Сицилија за Кралството на Сардинија, ги уништил сите слободи на комуната. Освоено во 1792 од страна на армиите на Првата Француска Република, Грофовството Ница продолжило да биде дел од Франција сè до 1814 година; но потоа било вратено на Кралството Сардинија-Пиемонт.
Француска Ница
По Торинскиот договор склучен во 1860 година помеѓу кралот на Сардинија и Наполеон III, грофовството повторно и за последен пат било отстапено на Франција како територијална награда за помошта на Французите во Втората италијанска војна за независност против Австрија, по која Ломбардија била обединета со Пиемонт-Сардинија. Отстапувањето било потврдено на регионален референдум од страна на 25.000 од вкупно 30.700 избирачи во корист на припојувањето кон Франција. Савоја била предадена на француската круна на сличен начин. Џузепе Гарибалди, роден во Ница, силно се противел на отстапувањето кон Франција (тврдејќи дека тоа не било направено со „универзално“ гласање) и во 1866 имало уште попопуларни немири во градот, поддржани од страна на „Гарибалдини“ во корист на соединувањето на Ница со Италија. Италијанските иредентисти ја сметале Ница како едно од нивните главни националистички барања, заедно со Истра, Далмација, Корзика и Тренто. Во 1942-1943 година, градот бил окупиран и управуван од страна на Италија за време на Втората светска војна.
XX век го најавил доаѓањето на модерниот превоз. Во 1900, трамвајот во Ница ги електрифицирал трамваите влечени од коњи и ја проширил својата мрежа низ целиот департман од Ментон до Кањ. До крајот на 1930 биле додадени автобуски линии во сообраќајната мрежа на целата област. Почнувајќи од 1932 година Ница е домаќин на меѓународни трки со коли во „Формула Либре“ (претходник на Формула Еден) на т.н. Круг Ница. Кругот почнувал по должината на крајбрежјето, јужно од градината Алберт I, потоа западно по должина на Шеталиштето по што следела кривина кај хотелот Негреско за да се врати источно и околу градината Алберт I, пред повторно да почне источно по кејот и плажата. Во 1932 година Луј Широн ја освоил Гран при наградата возејќи Бугати Т51. Во 1933 трката ја освоил Тазио Нуволари со Мазерати 8Ц, а во 1934 трката повторно ја освојува Италијанец. Последната сезона на Гран при во Ница е во 1935, кога Алфа Ромео Типо доминира на кругот во рацете на Тазио Нуволари и Луј Широн кој се пласира на второто место и Рене Дрејфус кој завршува трети.
Како што избувнала војната во 1939 година, Ница станала град-засолниште за многу раселени странци, посебно Евреи, кои бегале од продирањето на нацистите во Источна Европа. Од Ница, многумина барале понатамошно засолниште во француските колонии, Мароко и Северна и Јужна Америка. По јули 1940 и воспоставувањето на режимот Виши, антисемитските напади го забрзале отселувањето, почнувајќи во јули 1941 и продолжувајќи низ 1942 година. На 26 август 1942, 655 Евреи од странско потекло биле уапсени од Владата на Лавал и затворени во касарните Овар. Од нив, 560 биле депортирани во кампот Дранси на 31 август 1942. Благодарение на активноста на еврејскиот банкар Анџело Донати и францускиот калуѓер Пер Мари-Беноа, локалните власти ја спречиле примената на антиеврејските законо донесени од режимот Виши.Léon Poliakov, La conditions des Juifs sous l'occupation italienne, Paris, CDJC, 1946 и биографии на Анџело Донати и Пер Мари-Беноа
Првите знаци на отпор на новиот режим биле група на средношколсци од Гимназијата Ница, сегашна Гимназија Масена, во септември 1940, кои подоцна биле уапсени и погубени во 1944 близу Кастејан. Првите јавни протести се случиле на 14 јули 1942, кога неколку стотици протестанти ги наполниле улиците долж Авенијата на Победата и Плоштадот Масена. По ноември 1942 и доаѓањето на италијанските трупи кои го окупирале градот, останала одредена колебливост меѓу народот, многу скорашни имигранти од италијанско потекло. Сепак, отпорот добил на значење кога Италијанците се предале во 1943 година, а германските трупи ја окупирале Вишиевска Франција. Одмаздите се засилиле помеѓу декември 1943 и јули 1944, кога бројни партизани биле измачувани и погубени од страна на локалниот Гестапо и француската Милиција. Ница исто така била силно бомбардирана од американското воздухопловство во подготовките за здруженото приземјување во Прованса, поради што имало над 1.000 мртви или повредени и повеќе од 5.600 бездомни и настапила општа глад во текот на летото 1944. Конечно американските падобранци влегле во градот на 30 август 1944 и Ница била конечно ослободена. Последиците од војната биле тешки, населението се намалило за 15%, а економскиот живот бил целосно уништен.
мини|Водопадот на Колин ди Шато (ридот на замокот)
Во втората половина на XX век Ница доживеала економски бум главно настанат поради туризмот и градежништвото. Во овој период доминирале две личности: Жан Медецин, градоначалник во период од 33 години, од 1928 до 1943, и од 1947 до 1965, и неговиот син Жак, градоначалник 24 години, од 1966 до 1990. Под нивно раководство, градот доживеал опширно урбано обновување и биле изградени голем број нови градби (конвенциски центар, театри, нови премини и автопати, итн...). Доаѓањето на Франкоалжирците, бегалци од Алжир по независноста во 1962 година, исто така му дале поттик на градот и донекаде го промениле неговото население и традиционални погледи. До крајот на доцните 1980-ти, излегле на површина гласини за политичка корупција во градското собрание и на крај биле подигнати службени обвиненија против Жак Медецин, кои го принудиле да ја напушти Франција во 1990. Подоцна бил уапсен во Уругвај во 1993, по што бил екстрадиран назад во Франција во 1994, каде бил осуден за повеќе корупциски скандали и придружни кривични дела, кои му донеле затворска казна.