Тулуза (француски: Toulouse) — град во југозападна Франција. Градот се протега на реката Гарона и каналите Миди и Гарона, преку кои е поврзан со Атлантскиот Океан и Средоземното Море. Тулуза е оддалечен околу 600 км од Париз. Во градот живеат 390.350 жители, додека во поширокото градско подрачје над 970.000 (1999).

Тулуза е главен град на регионот Југ-Пиринеи и департманот Горна Гарона.

Во средниот век Тулуза бил престолнина на регионот Окситанија. Тулуза е најголемиот вселенски центар во Европа, каде што се сместени Ербас, производителите на сателити Галилео, СПОТ и ЦНЕС, како и Националниот центар за вселенски истражувања - најголемиот вселенски центар во Европа.

Тулуза како мотив во популарната култура „Збогум, Тулуз“ (англиски: Goodbye Toulouse) — песна на британската рок-група Стренглерс (The Stranglers) од 1977 година.The Stranglers – Stranglers IV (Rattus Norvegicus) (пристапено на 28.3.2024)

Наводи

Категорија:Градови во Франција

Категорија:Општини во Горна Гарона Категорија:Населени места основани во 2 век п.н.е.