thumbnail|400px|right|Дворецот Шамбор, поглед од север. Дворецот Шамбор () кај Шабмор (департман Лоар и Шер) е еден од најпознатите и најубавите дворци во светот познат по својата варијанта на француска ренесансна архитектура, комбинирана со средновековна традиција.

Дворецот се наоѓа во долината на Лоара во северозападна Франција,сместен помеѓу градовите Тур и Орлеан.

Дворецот Шамбор е најголем меѓу дворците во долината на Лоара,иако првичната намена му била да биде павиљон за лов на кралот Франсоа I. Дворецот вкупно располага со 440 соби и парк од 4563 ha. Дворецот во 1981 година е ставен под заштита на УНЕСКО.

Категорија:Барокна архитектура Категорија:Замоци во Франција Категорија:Кралски дворци Категорија:Градини во Франција Категорија:Ликовни музеи и галерии во Франција