Ошени (, Инои, до 1927 Όσιανη, Осјани)Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπλάτση -- Όσιανη — село во Општина Костур во Костурскиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 20 километри западно од градот Костур и Костурското Езеро и на 10 километри источно од грчко-албанската граница. Селото се наоѓа на надморска височина од 683 метри, во подножјето на планината Флацата. Во јужниот дел на врвот се наоѓа црквата „Св. Марина“, изградена во чест на победата на владините сили над ДАГ во Граѓанската војна.
Историја
Во XVI век во Ошени биле евидентирани 105 глави на домаќинстваHarun Yeni,Demography and settlement in Paşa sancaği sol-kol region according to muhasebe-i vilayet-i rumeli defteri dated 1530 [1530 tarihli Muhasebe-i Vilayet-i Rumeli defteri'ne göre Paşa Sancağı sol-kol bölgesinde demografi ve yerleşim], Ankara, 2006, стр. 110.
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Ошени се состоело од 210 семејства со 140 жители муслимани и 540 МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 107. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Ошени имало 120 жители Македонци и 550 муслиманиКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 265..
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ошени се води како мешано македонско-турско село во Костурската Каза на Горичкиот Санџак со 130 куќи. Треба да се напомене дека тогаш исламизираните Македонци биле нарекувани „Турци“.
Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 80 македонски патријаршистиBrancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 180-181.. Според грчката статистика од 1905 година селото било мешано со 80 Грци и 750 Турци. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 20 македонски и 80 муслимански семејстваБистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 8., додека според Георги Христов, во селото имало и две влашки семејстваМарков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 198.
Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 695 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 824 жители. Во 1927 година, селото било преименувано во Инои. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Според едни извори, бројот на бегалците изнесувал 572 лица, додека според други 153 семејства и 565 лица.
Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа. 2 деца од селото биле протерани како деца бегалци
Демографија
Во 1928 година селото броело 602 жители., додека во 1940 година селото броело 990 жители.
Селото во пописот од 1951 година броело 1003 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 823 жители, во 1971 година имало 595 жители, во 1981 година имало 673 жители, додека во 1991 година имало 621 жител. Денеска, населението на селото е 583 жители според пописот од 2001 година.
Личности
Родени во Ошени Лазо Дамовски (1897 - 1970) Трпе НаумовМакедоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 486. Симеон Христу Хасан ага (фамилија Бабче) (1857-1924)
Наводи
Категорија:Ошени