Богатско (дијалектно: Богацко; , Вогацико; старо Μπογκάτσκο, Богацко, Μπογατσικό, Богацико) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта на Костурскиот Округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 438 жители (2021), сочинето од погрчени Македонци.
Географија и местоположба Селото е сместено на западното подножје на планината Саракина, околу 15 км југоисточно од градот Костур, во близина на реката Бистрица, на нејзината лева страна, на надморска височина од 770 м.
Историја
Во Отоманското Царство Во османлиски дефтер од XV век во Богачко по име се заведени 180 глави на семејствата. Во даночните записници од средината на XV век Богавецко е споменато со 30 глави на семејства, двајца неженети и две вдовици: Јорг, Димо, Папа Јанос, Јорг, Никола, Тодор, Никола, Томо, Јорг, Арматуш, Томо, Манол, Срвит, Зимпор, Михал, Стефан, Тома, Никола, Димо, Ѓорче, Коста, Коста, Тома, Мано, Којо, Гон, Флорс, Бојо, Дочо, Јорг, Којо, Манол, Јелена и Кала. Вкупниот приход за државата од селото изнесувал 1.877 акчиња.Опширни пописни дефтери од XV век, том II, Архив на Македонија, Скопје, 1973, стр. 117
Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ напишал дека селото е македонско во фаза на погрчување, во кое живеат 1.416 мажи и 1.400 жени.Верковичъ, С.И. „Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“. СПб, 1889, стр. 342 – 343.
Во XIX век Богатско било македонско село во процес на погрчување, бидејќи тука уште одамна почнала да работи грчката пропаганда. На самиот почеток на XX век е забележано:
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Богатско живееле 1.750 „Грци“ (погрчени Македонци).
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Богатско се води како чисто „грчко“ село во Костурската Каза на Горичкиот Санџак со 450 куќи.
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 во Богатско живееле 2.250 „Грци“ и работело едно грчко училиште.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.182-183.
Според грчки извори, во 1905 г. во Богатско имало 2.500 жители „Грци“.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 2.693 жители. Во 1928 г. селото броело 1.701 жител.
Како последица од Граѓанската војна, голем број жители од околните села се населиле во Богатско.
Население Во пописот од 1913 година, селото било забележано со 2.693 жители, во 1920 година со 1.701 жител, во 1928 година со 1.601, во 1940 година со 1.509, во 1951 година со 1.854, во 1961 година со 1.128, во 1971 година со 855, во 1981 година со 998, а во 1991 година со 961 жители.
Самоуправа и политика Селото припаѓа на општинската единица Јон Драгумис со седиште во селото, која припаѓа на поголемата општина Рупишта, во округот Костур. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Богатско, во кој е единствено село.
Културни и природни знаменитости Цркви „Св. Апостоли“ — главна селска црква; „Св. Никола“ — изградена во XVIII век; „Св. Бессребреници“ — гробјанска црква од XVIII век; „Св. Јован Златоуст“ — изградена во 1760 година, изгорена во 1912 г. Обновена е во 2016 година. Манастири Богатски манастир („Св. Константин и Елена“) од 1882 година, јужно од Богатско.
Личности Родени во Богатско
Атанасиос Русопулос (1823 – 1898) — грчки научник Георгиос Капахцис (1934 – 2015) — грчки политичар Георгиос Каридис (1820 – 1901) — грчки градежен инженер Димитриос Икономос (1855 - 1926) — грчки андартски деец Маркос Драгумис (1770 - 1854) — грчки револуционер Отон Русопулос (1856 - 1922) — грчки хемичар Панделис Кандилас — деец на грчката вооружена пропаганда во Македонија Рапис Пљуфас (~1800 - ?) — грчки архитект Сотириос Висвикис — деец на грчката вооружена пропаганда во Македонија
По потекло од Богатско
Јон Драгумис (1878 - 1920) — грчки дипломат и деец на грчката вооружена пропаганда во Македонија Маркос Драгумис (1840 - 1909) — грчки правник и дипломат Маркос Драгумис (1926 - 2011) — грчки политичар Маркос Драгумис (р. 1934) — грчки музиколог Николаос Драгумис (1809 - 1879) — грчки револуционер Стефанос Драгумис (1842 - 1923) — грчки политичар и премиер на Грција во 1910 г. Филипос Драгумис (1890 - 1980) — грчки политичар
Наводи
Категорија:Рупишта