thumb|Приказ на питагорејската монадаHemenway, стр. 56.
Монада (од грч. μονάς, монас = „единица“),Compact Oxford English Dictionary., според Питагорејците, е поим за Бог или првичното исконско битие, или пак севкупноста на сите битија. Тука се мисли на изворот на нештата (прапочетокот) или Едното, кое е нешто неделиво.
Според Питагорејците, создавањето на бројни низи е поврзано со геометриските објекти (фигури, тела) и космогонијата.Sandywell, стр. 205. Создавањето на бројните низи за Питагорејците, со други зборови, претставува создавање на објекти во геометријата, но истовремено и космогонија. Бидејќи нештата се еднакви на броеви, првата единица, при создавањето на бројните низи, истовремено го создава и физичкот универзум. (KR: 256) По ова гледиште, ‘монадата’ или ‘Едното’ веднаш се поистоветувала со божествениот постанок (потекло) на стварноста. Според Диоген Лаертиј, од монадата произлегла дијадата; од неа, броеви; од броевите, точки; потоа линии, дводимензионални ентитети, тридимензионални ентитети, тела, кулминирајќи со четирите елементи земја, вода, оган и воздух, кои пак се ‘граѓата’ од кои е направен сиот свет.Диоген Лаертиј, „Животите и мислењата на славните филозофи“Оваа питагорејска космогонија е во извесна смисла слична со краткиот пасус таоистичката книга „Дао де ѓинг“ на Лао-це: „Од таото добиваме едно, од едното добиваме две, од двете добиваме три, и од три добиваме десет илјади нешта.“ (道生一、一生二、二生三、三生萬物。) Тао Те Кинг, Глава 42
Историја Според Иполит Римски, ова гледиште е инспирирано од Питагорејците, кои првото нешто што постоело го нарекувале монада, од се изродила дијадата, од која произлегле броевите, од кои произлегла точката, од која произлегла линијата или конечноста итн.Диоген Лаертиј, „Животите и мислењата на славните филозофи“. Питагорејските и платонистичките филозофи како Плотин и Порфириј го осудувале Гностицизмот (погледајте Неоплатонизмот и Гностицизмот) за нивниот приод кон монадата или едното.
Понова филозофија Во подоцнежните периоди, поимот „монада“ го презеле и мислители како Џордано Бруно, Лајбниц (Монадологија) и други.
Поврзано Кружница со точка во средината Дијада Левкип Модална логика Монада Монизам Сончев симбол Тао Тријада Тетрада Пентада Декада
Наводи
Извори Hemenway, Priya. Divine Proportion: Phi In Art, Nature, and Science. Sterling Publishing Company Inc., 2005, стр. 56. ISBN 1-4027-3522-7 Sandywell, Barry. Presocratic Reflexivity: The Construction of Philosophical Discourse C. 600-450 BC. Routledge, 1996.
Категорија:Симболи Категорија:Старогрчка филозофија Категорија:Питагорејци Категорија:Метафизички поими
sk:Monáda