Сиромаштијата претставува недостиг на неопходни производи како храна, облека, живеалиште и здрава вода за пиење, што резултира со низок животен стандард. Сиромаштијата подразбира како состојба кога основните потреби се поголеми од можностите за нивно задоволување.

Дефиниција на сиромаштијата Постојат повеќе дефиниции на сиромаштијата:Димитар Ефтимоски, Економија на развојот. Скопје: Универзитет „Св. Кирил Методиј“, Економски институт, 2003, стр. 306. Харолд Вотс дава поширока дефиниција според која сиромаштијата претставува „недостаток во однос на располагањето со добрата..., сериозно нарушување на можноста на луѓето да изберат структура на добра која ќе ја подигне нивната благосостојба.“ Според Мартин Равалион, „во едно општество постои сиромаштија кога едно или повеќе лица го немаат потребното ниво на економска благосостојба со кое можат да го достигнат минималното ниво на животен стандард во соодветното општество.“ Питер Таунсенд ја дефинира сиромаштијата на следниов начин: „Поединците, домаќинствата и групите на луѓе се сметаат за сиромашни ако имаат недостаток на средства неопходни за задоволување на своите потреби, како и ако не можат да учествуваат во општетсвените текови. Поради тоа што нивниот расположлив доход е под доходот на просечното домаќинство, тие се исклучени од основниот модел на живеење, обичаите и активностите.“ Евростат ја дава следнава дефиниција на сиромаштијата: „Како сиромашни се сметаат лицата, домаќинствата и групите на лица чии ресурси (материјални, културни и социјални) се на такво ниво кое ги исклучува од минимално прифатливиот начин на живеење во земјата во која живеат.“

Видови сиромаштија Можат да се разликуваат три типа на сиромаштија: апсолутна, релативна и субјективна. Апсолутна сиромаштија претставува неможност да се задоволат основните егзистенцијални потреби, односно таа се поврзува со минималните трошоци за опстанок на лицето или домаќинството. Притоа, апсолутната линија на сиромаштијата е фиксирана во однос на времето и просторот. Релативна сиромаштија е недостаток од ресурси кои ги оневозможуваат поединците и домаќинствата да практикуваат определен режим на исхрана, да учествуваат во определени општествени активности и да живеат во животни услови кои се вообичаени за општествата на кои им припаѓаат. Релативната линија на сиромаштијата се заснова на поставување произволна линија на сиромаштијата врз основа на просечната (медијална) потрошувачка во земјата, односно врз некој релативен стандард за опстанок на домаќинствата. На пример, релативната линија на сиромаштијата може да биде поставена на нивото од 50 % или 60 % од просечната потрошувачка на домаќинствата во една земја. Субјективната сиромаштија ги одразува личните заклучоци (перцепции) на луѓето за тоа што претставува минимално прифатливо ниво на животниот стандард во земјата.Димитар Ефтимоски, Економија на развојот. Скопје: Универзитет „Св. Кирил Методиј“, Економски институт, 2003, стр. 308.

Во развојната економија, во разработката на сиромаштијата се присутни неколку концепти, како:Димитар Ефтимоски, Економија на развојот. Скопје: Универзитет „Св. Кирил Методиј“, Економски институт, 2003, стр. 303-304. според концептот на доходна (монетарна) сиромаштија, поединецот се смета за сиромашен ако неговиот доход е под утврдената линија (праг) на сиромаштијата, која пак најчесто се дефинира како нивото на доход кое обезбедува определено количество храна. концептот на основните потреби ја дефинира сиромаштијата како недостаток на потребни материјални добра (стоки и услуги) кои се неопходни за минимално задоволување на човековите потреби, вклучуваји ја и храната. Овој концепт е поширок од доходната сиромаштија и ги вклучува и основната здравствена заштита и образованието, како и основните услуги кои треба да ги обезбеди државата. според концептот на способностите, сиромаштијата претставува недостаток (отсуство) на некои основни способности за опстојување на луѓето, и тоа: физички (храна, живеалиште, облека итн.) и општетсвени (активно учество на човекот во заедницата); својствено за овој концепт е тоа што ги изедначува апсолутната и релативната сиромаштија. концептот на човековиот развој оди чекор понатаму и ја поврзува сиромаштијата со немањето можности за избор на поединецот, што повторно е поврзано со образованието, здравјето и обезбедувањето пристоен животен стандард. Сепак, во практиката, најприменуван е концептот на доходната (монетарната) сиромаштија.

Според концептот на човековиот развој, сиромаштијата има повеќе димензии, кои не може да ги опфати концептот на доходната сиромаштија. Оттука, концептот на човековиот развој воведува ново мерило на сиромаштијата — индексот на човековата сиромаштија (англиски: Human poverty index), кој ги комбинира основните аспекти на сиромаштијата: краткиот живот, недостатокот на основно образование и немањето пристап до јавните и до приватните ресурси. Индексот на човековата сиромаштија се мери одделно за сиромашните и за богатите земји. Така, индексот за недоволно развиените земји, овој индекс (HPI-1) опфаќа три елементи: должината на животот (процентот од населението за кој се очекува дека нема да доживее 40 години), знаењето (процентот од возрасните кои се неписмени) и животниот стандард (процентот од населението со пристап до здравствени услуги, процентот од населението со пристап до здрава вода за пиење и процентот на недоволно нахранети деца до петгодишна возраст). Индексот на жовековата сиромаштија за развиените земји (HPI-2) ги содржи истите елементи како индексот за неразвиените земји: должината на животот (процентот на луѓето кои нема да доживеат 60 години), знаењето (процентот од возрасните лица кои се функционално неписмени, според дефиницијата на ОЕЦД) и животниот стандард (процентот на луѓето кои живеат под линијата на сиромаштијата, определена како 50% од просечниот расположлив доход на поединецот), но содржи и четврта компонента, а тоа е исклученоста (стапката на долгорочната невработеност, т.е. стапката на невработени лица подолго од 12 месеци).Димитар Ефтимоски, Економија на развојот. Скопје: Универзитет „Св. Кирил Методиј“, Економски институт, 2003, стр. 324-332.

Сиромаштијата во светот Според податоците на „Еуростат“, во 2012 година, стапката на сиромаштија во ЕУ-28 и во ЕУ-23 изнесувала 16,7%, а во новите членки на ЕУ, таа се движела од 14,5% во Словенија, преку 19,5% во Хрватска, 21% во Бугарија и 22,4% во Романија. Истовремено, стапката на сиромашни или социјално исклучени лица (т.н. индикатор АРОПЕ) во 2013 година изнесувал 24,5% во ЕУ-28 и 23% во ЕУ-23, додека во новите членки на ЕУ, овој индикатор изнесувал: 48% во Бугарија, 29,9% во Хрватска, 20,4% во Словенија и 40,4% во Романија.Александра Филиповска, „Над 830.000 Македонци имале тешкотии со плаќање сметки и рати од кредит“, Дневник, година XIX, број 5755, сабота, 2 мај 2015, стр. 8-9.

Сиромаштијата во Македонија Според Државниот завод за статистика (ДЗС), во 2013 година, стапката на сиромаштија во Македонија изнесувала 24,2%, а претходно, таа изнесувала 26,2% во 2012 година и 27% во 2010 година. Прагот на сиромаштија за четиричлено семејство со две деца на возраст под 14 години изнесувал 147.578 денари годишно, т.е. 12.298 денари месечно или 3.074 денари месечно по член на семејството, односно 102 денари дневно. Притоа, стапката на сиромаштија пред социјалните трансфери била уште повисока и изнесувала 41%, а сиромаштијата била најголема (49,9%) кај семејствата со двајца возрасни и три или повеќе деца. Набљудувано по одделни категории, стапката на сиромаштија изнесувала 29,9% кај самохраните родители со издржувани лица, 11,1% кај вработените, 43,7% кај невработените, 10,9% кај пензионерите и 29,2% кај другите економски неактивни лица. Најпосле, стапката на сиромашни или социјално исклучени лица (АРОПЕ) изнесувала 48,1%.

Во Македонија, во 2013 година, дури 41% од населението живеело под линијата на сиромаштијата, т.е. со помалку од пет долари на ден, со што Македонија се наоѓала на второто место во Централна и Источна Европа, веднаш по Албанија.Економија и бизнис, година 17, број 187, јануари 2014, стр. 70.

Според податоците на Државниот завод за статистика, стапките на сиромаштија во Република Македонија во периодот 1994-1996 година, мерено според критериумот 60% од медијалните еквивалентни трошоци, се: Година Стапка на сиромаштија (%) 1994 9,0 1995 16,2 1996 18,3

Според податоците на Државниот завод за статистика,Државен завод за статистика „Сиромаштија во Република Македонија“ (2007-2011) стапките на сиромаштија во Република Македонија во периодот 1997-2011 година, мерено според критериумот 70% од медијалните еквивалентни трошоци, се:

Година Стапка на сиромаштија (%) Индексот на длабочина на сиромаштијата 1997 19,0 4,6 1998 20,7 5,1 1999 21,0 5,7 2000 22,3 6,0 2001 22,7 5,4 2002 30,2 9,3 2003 30,2 9,4 2004 29,6 9,4 2005 30,0 9,7 2006 29,8 9,9 2007 29,4 9,7 2008 28,7 9,2 2009 31,1 10,1 2010 30,9 10,9 2011 30,4 9,3

Според Милениумските развојни цели, сиромаштијата во Македонија треба да биде намалена на 9,5 % до 2015 година. Оваа висина е квантифицирана со преполовување на официјалната стапка на сиромаштија од 19 %, измерена во 1997 година.

Според Анкетата за приходите и условите за живеење, во 2021, 2022 и 2023 година, стапката на сиромаштија во Македонија изнесувала 23 %, 22,9 % и 22,2 %, соодветно. Набљудувано по одделни категории, во периодот од 2019 до 2023 година дошло до зголемување на стапката на сиромаштија на пензионерите, од 7,7 % на 11,3 %.Митко Јовановски, „Домаќинствата со повеќе членови во маѓепсаниот круг на сиромаштијата!“, Економија и бизнис, година 28, број 340, 1 октомври 2025, стр. 25-27.

+ Стапка на сиромаштија во Македонија по тип на домаќинство (2023 год.)Митко Јовановски, „Домаќинствата со повеќе членови во маѓепсаниот круг на сиромаштијата!“, Економија и бизнис, година 28, број 340, 1 октомври 2025, стр. 25. Тип на домаќинство Стапка на сиромаштија Домаќинства без издржувани деца 16,4 % Самечки домаќинства (еден возрасен член под 65 год.) 24,2 % Самечки домаќинства (еден возрасен член над 65 год.) 20 % Самица 22,1 % Самец 20,8 % Домаќинства од две лица под 65 год. 19,9 % Домаќинства со три или повеќе возрасни лица 10,1 % Домаќинства со издржувани лица 26,1 % Самохран родител со издржувани лица 45 % Домаќинства од двајца возрасни и здржувано дете 14,2 % Домаќинства од двајца возрасни и две издржувани деца 17,8 % Домаќинства од двајца возрасни и три или повеќе издржувани деца 48,9 % Домаќинства од двајца возрасни 21,1 %

Сиромаштијата како тема во уметноста и во популарната култура Сиромаштијата како мотив во народната книжевност „Како лисицата го оженила сиромавиот“ - кавкаска народна приказна.Кавкаске бајке. Београд: Народња књига, 1963, стр. 148-158. „Сиромашната девојка која станала кралица“ – полска народна приказна.Пољске бајке. Београд: Народна књига, 1974, стр. 77-81. „Џинот и сиромавиот“ - кавкаска народна приказна.Кавкаске бајке. Београд: Народња књига, 1963, стр. 108-121. „Тројцата итри месари и сиромавиот“ - унгарска народна приказна.Мађарске бајке. Београд: Народња књига, 1974, стр. 46-54.

Сиромаштијата како мотив во книжевноста „Очите на сиромавиот“ - песна во проза на францускиот поет Шарл Бодлер.Charles Baudelaire, Spleen Pariza. Zgreb: Mladost, 1952, стр. 79-81. „Селска сиромаштија“ — песна на македонскиот поет Јован Котески.Јован Котевски, Пеплосија. Мисла, Скопје, 1966, стр. 33. „Немаштија“ — песна на македонскиот поет Јован Котески.Јован Котевски, Пеплосија. Мисла, Скопје, 1966, стр. 39-40. „Постелата единствена јахта на сиромавиот“ (хрватски: Postelja jedina jahta siromaha) - песна на хрватскиот писател Мирослав Крлежа.Miroslav Krleža, Lirika. Sarajevo: Svjetlost, 1966, стр. 57-58. „Ненаситност и сиромаштија“ — расказ на хрватскиот писател Вјенцеслав Новак.Вјенцеслав Новак, Ненаситност и сиромаштија (расказ). Скопје: „Кочо Рацин“, 1951. „За сиромашните луѓе (Томас де Квинси)“ — песна во проза на францускиот поет Жак Превер.Жак Превер, Чари велеграда. БИГЗ, Београд, 1972, стр. 169.