Тришо Стојановски (, - , ) — македонски писател и новинар. Животопис Роден е на 22 март 1938 година во дебарското село Рајчица. Основно училиште завршил во Дебар, а учителска школа во Скопје. По завршувањето на учителската школа, тој работел две години како учител во Дебар, а потоа студира на Филозофскиот факултет на југословенска книжевност. За време на студиите е уредник на културната рубрика на весникот „Студентски збор“. Работел и во Радио Скопје. Починал на 1 октомври 1986 година во Скопје. Тој бил член на Друштвото на Писателите на Македонија од 1972 година.

Дела Стојановски е автор на поезиите: Меѓу две реки - 1968 година Сочувана земја - 1972 година Немолклива земја - 1976 година Рајска земја - 1986 година

И соавтор на антологискиот избор: Огнови и време - 1971 година

Наводи

Категорија:Луѓе од Рајчица Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Македонски новинари Категорија:Македонски писатели Категорија:Југословенски новинари Категорија:Југословенски писатели