Горенци (, Корисос, до 1919 Γκορέντση, Горенци )Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπλάτση -- Κορησός — село во Општина Костур во Костурскиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 6 километри источно од Костурското Езеро во историско-географската област Пополе во северозападните делови на планината Сињак. Селото се наоѓа на надморска височина од 930 метри.
Историја
Во XV век во Горенци биле еидентирани 98 глави на домаќинства.Гандев, Христо. Българската народност през XV век. Демографско и етнографско изследване, Наука и Изкуство, II изд., София, 1989.. Во османлиските даночни регистри од средината на XV век Горенци е споменато со 38 семејства на Филип, свештеникот Јован, Влајко, Мануел, Ѓурко, Ѓурко, Којо, Алекса, Дражо, Станиша, Јорко, Стојан, Јано, Стојан, Драгивој, Михо, Јован, Којо, Јано, Којо, Никофор, Герг, Добри, Мано, Стефан, Стајко, Стајко, Тодор, Јано, Димос, Јано, Коста, свештеникот Стамат, Марко, Никола, Андријас, Никола и Ѓуро. Вкупниот приход за државата од селото изнесувал 3.535 акчињаОпширни пописни дефтери од XV век, том II, Архив на Македонија, Скопје, 1973, стр. 78..
Црквата посветена на „Св. Ѓорги“ на гробиштата е прогласена за заштитен споменик на културата. Според Тодор Симовски локална легенда вели дека селото било основано од жителите на селата Саракина, Цакони и Л’нтово кои биле опожарени во немирни години при управувањето на Али-паша Јанински. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Горенци било евидентирано двапати, и тоа еднаш како Горинца со 1.500 Македонци и вторпат како Боренци со 300 домаќинства од 500 муслимани и 450 Македонци (второто очигледно не е однесува на ова село или е грешка).Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г. Македонски научен институт, София, 1995, стр. 108-109 и 110-111. Боренци може да е и кайлярското село Биралци. Во 1888 година во селото било основано егзархиско училиште, додека прв учител бил Григор Данданов.Адамов, Лев. История на с. Горенци, Костурско (Македония), Библиотека Струмски, София, 2014, с. 2..
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Горенци имало 1.800 жители Македонци и 550 ТурциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 265.. Грчката пропаганда во селото работела мошне долго и успеала од него да направи испостава на гркоманијата на ова подрачје. Подоцна е јавила и бугарската пропаганда. Меѓу 1896-1900 година дел од жителите на селото поминале под влијание на Бугарската егзархијаИлюстрация Илинден, 1936, бр.79, стр. 1. Според грчкиот весник Ембро уште во јануари 1903 година турскиот аскер го изгорел селото заедно со Тиквени и ЖупанишчаEMBROS, 31.1.1903, стр. 3.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Горнеци се води како мешано македонско-турско село во Костурската Каза на Горичкиот Санџак со 455 куќи.
Селото било под влијание на Бугарската егзархија на почетокот од XX век. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 768 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија, 1.672 македонски патријаршисти, 180 Власи и 60 Роми. В селото функционирале българско основно училиште и прогимназиско и две основни грчки.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne. Paris, 1905, pp. 182-183. Според свештеникот Златко Каратанасов од Бобишта, учител во егзархиското училиште во Горенци во 1900 - 1901 година, селото имало 150/160 турски куќи и 350 македонски, од кои само 44 егзархискиКаратанасов, Златко. Черковно-училищната борба (1868 - 1903), Материяли из миналото на Костурско, Костурско благотворително братство, София, 1935, стр. 7, 41.. Во егзархиското училиште е во Горенци предавал Константин ШапкаревКаратанасов, Златко. Черковно-училищната борба (1868 - 1903), Материяли из миналото на Костурско, Костурско благотворително братство, София, 1935, стр. 32..
Според грчката статистика од 1905 година селото било мешано со 2.080 Грци, 70 Македонци и 850 Турци Селото си останало мешано до крајот на 1912 година. Во 1908 година македонските егзархиски семејства броеле 70, додека во 1909 имало 200 македонски егзархиски и 150 патријаршиски македонски семејства. Гркоманите ги задржиле училиштето и црквата во селотоs:Телеграма от Иларион от Костур . Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 350 македонски семејства и 150 турскиБистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 8..
Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 1731 жител, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 1921 жител. Во 1919 година, селото било преименувано во Корисос.
Во текот на Првата светска војна, според официјалните бугарски документи, 11 жители се засолниле во Бугарија, додека 28 заминале во Бугарија по 1919 година. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Бројот на турски семејства кои се отселиле бил 75, додека бројот на грчки бил 87 семејства, и тоа 67 од Мала Азија, 15 од Понд и 5 од Источна Тракија. Во 1932 година во селото имало 330 македонски семејства.
Во текот на Втората светска војна, селото било окупирано од страна на германските окупаториМичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.), по кое било предадено на бугарските сили. Селото не настрадало во текот на Грчката граѓанска војна.
Културни и природни знаменитости мини|десно|Црквата „Св. Ѓорѓи“ од 1882 г. Цркви „Св. Тома“ од XVII – XVIII век „Св. Ѓорги“ од 1770 г. „Успение на Пресвета Богородица“ од 1853 г. „Св. Ѓорги“ од 1882 г.
Население
Во 1928 година селото броело 1468 жители., додека во 1940 година селото броело 1627 жители.
Селото во пописот од 1951 година броело 1835 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 1136 жители, во 1971 година имало 1150 жители, во 1981 година имало 1175 жители, додека во 1991 година имало 1160 жители и во 2001 имало 1309. Денеска, населението на селото е 998 жители според пописот од 2011 година.
Година190519131920192819401951196119711981199120012011Жители3.0001.7311.9211.4681.6271.8351.1361.1501.1751.1601.309998
Личности Родени во Горенци десно|мини|150п|Икона на Свети Дионисиј Горенски десно|мини|150п|Николаос Андониу десно|мини|150п|„Придонеси кон двојазичноста на Македонците“ на Константинос Цулкас од Горенци. Александрос АнастасиадисΜάνος, Νικόλαος. Αφανείς Γηγενείς Μακεδονομάχοι (1903-1913), Ι. Σ. Κολιόπουλος (επιστ. εποπτεία), Ι. Δ. Μιχαηλίδης – Κων. Σ. Παπανικολάου (επιμ.), Θεσσαλονίκη, Ε.Μ.Σ. – University Studio Press, 2008, стр. 82. Анастасиос Папафилипу (1867 - 1948) Анастасија Цифора Андон Григоров (1894 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 184. Аргир КирјаковМакедоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 345. Аргириос МихопулосΜάνος, Νικόλαος. Αφανείς Γηγενείς Μακεδονομάχοι (1903-1913), Ι. Σ. Κολιόπουλος (επιστ. εποπτεία), Ι. Δ. Μιχαηλίδης – Κων. Σ. Παπανικολάου (επιμ.), Θεσσαλονίκη, Ε.Μ.Σ. – University Studio Press, 2008, стр. 83. Васил Василев (1892 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 109. Васил К. Бацев (1882 - 1913)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 104. Василиос Цунгарис Георги Попов (1890 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 579. Григор Анданов (1889 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 199. Димитар Сидов Цифоров (1892 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 791. Свети Дионисиј Евдокија Христиду Јоанис Сјомос (1835/36 - 1890) Јоанис Цопрас Константинос Цулкас (1845 - 1915) Коста Д. Хајмашев (1883 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 754. Кузо Тушев (1894 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 738. Ламби КузмановМакедоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 392. Лев Адамов, (1880 - ?) Наум ПоповБългарската възрожденска интелигенция (енциклопедия), ДИ „Д-р Петър Берон“, София, 1988, стр. 544. Никола ДамјановМакедоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 198. Николаос АндониуΜάνος, Νικόλαος. Αφανείς Γηγενείς Μακεδονομάχοι (1903-1913), Ι. Σ. Κολιόπουλος (επιστ. εποπτεία), Ι. Δ. Μιχαηλίδης – Κων. Σ. Παπανικολάου (επιμ.), Θεσσαλονίκη, Ε.Μ.Σ. – University Studio Press, 2008, стр. 82 - 83. Николаос Стилјадис Пандо Чулков (1878 - 1913) Петар Д. Сапунџиев (1876 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 603. Спиро Сотиров (1890 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 621. Ставрос Кукуфикас (1923 - 2012) Стојан С. Шипковенски (1884 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 805. Свети Теодосиј Трапезундски (? - 1392) Тома Зисов (1891/1892 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 269. Тома Д. Сапунџиев (1887 - ?) Тома СтерчеваМакедоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 641. Трајко Данданов (1872 - 1907) Филип Ламбев (1892 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 407. Христо ДимитровМакедоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 230. Свети Јаков Костурски (? - 1 ноември 1520) Илијас Хаџиатанасиу (1932 - 2012)
Починати во Горенци Лука Диманов (?. - 1944) Трајко Данданов (1872 - 1907
Наводи
Категорија:Костур (општина)