Куманичево (, Литија, до 1928 Κομανίτσοβο, Команицово)Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπλάτση -- Λιθιά — село во Општина Костур во Костурскиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа источно од Костурското Езеро во историско-географската област Пополе. Селото се наоѓа на надморска височина од 1230 метри.

Селото традиционално се дели на две поголеми маали - Горно и Долно Куманичево.

Историја

Во XV век во Куманичево биле евидентирани 10 глави на домаќинстваГандев, Христо. Българската народност през XV век. Демографско и етнографско изследване, Наука и изкуство, II изд., София, 1989. Црквата „Свети Димитриј“ во јужниот дел од селото била изградена во текот на XVIII век. Освен оваа црква, во селото има уште две цркви: „Успение на Пресвета Богородица“ и „Свети Никола“.

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Куманичево се состоело од 120 семејства со 350 МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 110-111. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Куманичево имало 1.020 жители Македонци и 150 ТурциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 265..

Во почетокот на XX век според грчки податоци од 900 жители 110-120 семејства биле патријаршиски, додека 64 биле егзархиски семејства. За време на Илинденското востание селото било нападнато од турски сили и на 21 јули 1903 бил убиен Пено Стреков. Од селото 62 лица учествувале во востанието, од нив загинале петмина - Коле Чолак, Гого п. Христов, Диме Т. п. Христов, Коле Д. п. Христов и Коле ПетрушевИлюстрация Илинден, бр. 136, стр. 14.

По задушувањето на востанието целото село паднало под влијание на Бугарската егзархијаХристо Силянов. „Освободителните борби на Македония“, том II, София, 1993, стр. 125.. Истата година турските власти не дозволиле наставниците од Костур да отворат бугарско училиште во селотоРайчевски, Стоян. 1904 – 1906 Гоненията на българите в Македония и Одринско. София, 2011, стр. 34 – 36.. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 480 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија во Горно КуманичевоBrancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 180-181., и 880 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија во Долно Куманичево. Во Горно Куманичево работело егзархиско училиштеBrancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 180-181..

Според грчката статистика од 1905 година селото било мешано со 600 Грци и 300 Македонци. Според Христо Силјанов, во 1906 година селото настрадало од грчки андартски нападиСилянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1993, стр. 220.. Во 1909 година во Долно Куманичево имало 75 македонски егзархиски куќи и 5 гркомански. Црквите и училиштето биле под раководство на гркоманите. Според Георги Константинов Бистрицки Горно Куманичево пред Балканската војна имало 70 македонски семејства, додека Долно Куманичево имало 80 македонски и 40 турски семејстваБистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 7..

Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 661 жител, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 755 жители. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Така, во Куманичево биле населени 59 бегалци според едни податоци, или 21 семејство со 76 лица според други податоци. Во 1926 година, селото било преименувано во Литија. Во селото имало 5 политички убиства..

Во текот на Втората светска војна, селото било окупирано од страна на германските окупаториМичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.), по кое било предадено на бугарските сили. Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа. 67 деца од селото биле протерани како деца бегалци

Демографија

Во 1928 година селото броело 642 жители., додека во 1940 година селото броело 821 жител.

Селото во пописот од 1951 година броело 427 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 424 жители, во 1971 година имало 348 жители, во 1981 година имало 393 жители, додека во 1991 година имало 372 жители. Денеска, населението на селото е 388 мжители според пописот од 2001 година.

Личности Родени во Куманичево Александра Г. Бочева (1903 - ?) — учесник во НОВ на Македонија Александра Методиева Мичевска (1930 - ?) Александра Попвасилева (1933 - 2022) — фолклористка, собирач на народно творештво Вангел Пандов Пенев (1904 - ?) Дамјан Георгиев (1879 - 1943) Дамјан Перелингов (1860/1861-?) Димитар Павлов Самаров (1929 - ?) Калиопа Костадинова Дуева (1900 - ?) Константин Пандов Константин КоличевКаратанасов, Златко. Черковно-училищната борба (1868 - 1903), Материяли из миналото на Костурско, Костурско благотворително братство, София, 1935, стр. 34. Константинос Папафилип Коста Костурски Костадин ФилиматовНиколов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 174. Методи Димитров Дуев (1897 - ?) Милка Георгиева Нашева (1900 - ?) Милка Динева Пенева (1902 - ?) Михаил Евтерпиу Никола Методиев Мичевски (1922 - ?) Никола Цицов Паринда Хрисанти Дамјанова (1929 - ?) Петар Динев (1889 - 1980) Тодорос ВасилиуΜάνος, Νικόλαος. Αφανείς Γηγενείς Μακεδονομάχοι (1903-1913), Ι. Σ. Κολιόπουλος (επιστ. εποπτεία), Ι. Δ. Μιχαηλίδης – Κων. Σ. Παπανικολάου (επιμ.), Θεσσαλονίκη, Ε.Μ.Σ. – University Studio Press, 2008, стр. 85 - 86. Тодорос ЕвтерпиуΜάνος, Νικόλαος. Αφανείς Γηγενείς Μακεδονομάχοι (1903-1913), Ι. Σ. Κολιόπουλος (επιστ. εποπτεία), Ι. Δ. Μιχαηλίδης – Κων. Σ. Παπανικολάου (επιμ.), Θεσσαλονίκη, Ε.Μ.Σ. – University Studio Press, 2008, стр. 86. Христо Бабаленов Христо Томов Конуков (1922 - ?)

Наводи

Категорија:Костур (општина)