Дреничево или Драничево , Кранохори; до 1928 г. Δρανίτσι, Драници) — село во Нестрамско, Егејска Македонија, денес во општината Нестрам во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 192 жители (2021).

Географија Селото се наоѓа во областа Нестрамкол на 15 км југозападно од градот Костур и на 1 км на запад од патот Костур - Нестрам.

Антика Во околината на Дреничево се наоѓал римскиот град Ватина, кој, судејќи по најдениот натпис од 193 г. играл важна улога во времето на царот Адријан.

Во Отоманското Царство На крајот од XIX век Дреничево било македонско село во Костурската Каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Дреничево имало 280 жители Македонци-христијани и 20 Македонци муслимани. Меѓу 1896 и 1900 г. селото преминало под врховенството на Бугарската егзархија. Учителот Михаил Кимов е уапсен од турските власти на 25 април 1903 г. заедно со Иван Стефанов, учител во Четирок.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Дреничево е чисто македонско село во Костурската Каза на Горичиот санџак со 49 куќи.

На почетокот на XX век сите жители на Дреничево биле под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Дреничево имало 382 Македонци под егзархијата и работело бугарско училиште.

Грчка статистика од 1905 г. го претставува Дреничево како мешано македонско-турско село со 250 жители Македонци и 25 жители Турци.Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Kranohori . Истата година четата на Никола Андреев ги убила гркоманите Наум Христов (28 мај) и Константин Стојанов (14 јуни) во нивните ниви крај селото.Official documents concerning the deplorable condition of affairs in Macedonia, Constantinople, At the printing press of the Patriarchate, 1906, номера 202 и 203

Во февруари 1907 г. турска војска успеала да убие тројца четници на ВМОРО кои ги обиколила во Дреничево. Во статистиката на грчкиот академик Атанасиос Халкиопулос („Македонија : Етнографска статистика на Солунскиот и Битолскиот Вилает“), Дреничево се води со 250 жители Македонци и 25 муслимани.A. Chalkiopoulos 1910: Ethnic statistics of Thessaloniki and Monastir vilayet. Athens. Haji & M.-CH. 1910

Според Георгиос Панајотидис, учител во Цотилската гимназија, во 1910 г. во Драници (Δρανίτσι) имало 35 семейства, од кои 5 муслимански и 30 „схизматични“ (т.е. непогрчени Македонци).

Според Георги Константинов Бистрицки, Дреничево пред Балканските војни имало 40 македонски куќи. Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) за приближно истиот период го дава Дреничево со 50 куќи на Македонци христијани и 3 куќи на Турци.

Во Грција По Втората балканска војна во 1913 г. селото влегло во состав на Грција. Таа година во него се попишани 301 лице. По Нејскиот мировен договор 6 лица од Дреничево се иселиле во Бугарија по официјален пат. Во 1920-тите согласно Лозанскиот договор малобројното муслиманско население е иселено во Турција, а на негово место се доселени мошне мал број грчки колонисти, исто така од Турција. Во 1928 г. од вкупно 305 жители, само 17 лица (6 семејства) биле грчки дојденци, а останатите македонски мештани.

Во 1927 г. селото е преименувано во Кранохори (буквален превод на името). За време на окупацијата во Втората светска војна во селото е создадена подвижна чета на бугарската паравоена организација „Охрана“, а во 1943 г. Дреничево било гаѓано со артилерија од италиански единици.Мичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.)

За време на Граѓанската војна селото повторно силно настрадало — убиени се 37 лица, а 131 лица се преселиле преку границата (претежно во НР Македонија, а помалку во другите социјалистички земји). 69 деца се изнесени преку границата како деца бегалци.

Жителите на селото се занимаваат претежно со земјоделство. Познато е по леќата и гравот.

Население

Личности Аргир Дренички — деец на ВМОРО Гиро Дранитски — деец на ВМОРО Иван Кукулев — гркомански андарт Тома Трифоновски (1939 – 2010) — истакнат уметник во Бугарија

Борци во МОО Жители на Дреничево кои се бореле како доброволци во Македонско-одринското ополченство (МОО) во Балканските војни: Георги Михајлов Антонов — нестројна чета на VI Охридска дружина, загинал во Првата светска војнаДВИА, ф. 39, оп. 1, а.е. 478, л. 9, 10 Андон Лазов (1882 – ?) — I чета на VI Охридска дружина, носител на орден „За храброст“ IV степен Пандо Марков — I чета на VIII Костурска дружина Христо Колов — I чета на VI Охридска дружина, носител на орден „За храброст“ IV степен Христо Николов — I чета на VI Охридска дружина, носител на орден „За храброст“ IV степен Штерјо Николов — I чета на VIII Костурска дружина

Наводи

Категорија:Нестрам