Мањак (, Мањаки) — село во Општина Костур на Костурскиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 3 километри југозападно од градот Костур, над Костурското Езеро, во Костурската котлина во јужните падини на планината Саракина (продолжеток на Црна Планина). До црквата „Св. Петка“ постои света вода која традиционално се смета за лековита. Според преданијата тука некогаш имало манастир посветен на Света Петка, поради кое селото се нарекува Мањак. Подрачјто на Мањак е поделено на две области, планинско во Саракина и полско — западно од БистрицаМарков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 148 - 149.. Селото се наоѓа на надморска височина од 705 метри.

Историја

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Мањак се состоело од 20 семејства со 58 жители муслимани и 400 МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 106-107. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Мањак имало 126 жители МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 266.. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Првата балканска војна имало 20 македонски семејстваБистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 8., додека според Георги Христов и едно влашко семејство.Марков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 198.

Во почетокот на XX век, целото село било под влијание на Цариградската патријаршија, но по Илинденското востание селото преминало под влијание на Бугарската егзархијаСилянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1993, стр. 125.. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 160 Македонци под врховенството на Бугарската егзархијаBrancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 180-181.. Според грчката статистика од 1905 година селото било чисто грчко со 120 Грци. Грчката митрополија во Костур не успеала во своите обиди да попрече во отворање на бугарско училиште во селото, но не отворила ниту грчко поради близината со Костур. Бугарското училиште било отворено дури по крајот на Младотурската револуција во 1908 годинаМарков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 150..

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Мањак се води како чисто македонско село во Костурската Каза на Горичкиот Санџак со 20 куќи.

На 20 април 1898 година во селото бил основан комитет на ВМОРО, на чело со Кузо Димитров, во кој влегувале уште Георги Наумов, Доро Јанакиев и Гиро Динков. Локалната чета на војводата Атанас Петров и Тале Горанов често престојувале во селотоМарков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 150 - 151.. При избувнувањето на Илинденското востание во 1903 година властите успеале да ги фатат дејците на ВМОРО Атанас Василев, Стерјо Дандов, Доро Јанакиев и Петро ТиповМарков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 155..

Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 113 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 87 жители.

Демографија

Во 1928 година селото броело 112 жители., додека во 1940 година селото броело 946 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 285 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 148 жители, во 1971 година имало 833 жители, во 1981 година имало 2745 жители, додека во 1991 година имало 2229 жители. Денеска, населението на селото е 2619 жители според пописот од 2001 година.

Личности Апостол Цапов (1927 - 1944) A. ЦветковДаскалов, Георги. Участта на българите в Егейска Македония 1936-1946. С., 1999, стр. 457 Вангел Цветков Георги Наумов (1887 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 483.Марков, Георги Христов. „Хрупищко“, Хасково, 2002, стр. 147. Гиро Динков (? - 1922)Марков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 159. Динко Черпалов (? - 1922) Доро и Ставро Јанакиеви Паскал Доров (1887 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 248. Паскал Јанакиев Кузо Димитров (1872 - ?) Стерјо Довениотов

Наводи

Категорија:Костур (општина)