Елен (, односно Елени) — тревопасни животни од от на парнокопитните (Artiodactyla) со повеќе ови и ови. Кај обичниот елен, мажјакот, женката кошута, а младото еленче.

Изглед

Еленот е силно и големо животно. Мажјаците се поголеми од женките, а на главите имаат големи, широко разгранети рогови. Роговите што по правило ги има само мажјакот, почнуваат да му растат 8-10 месеци по раѓањето и најпрво му се развива основата таканаречена рожиште. Првите рогови почнуваат да му растат дури од половината на втората календарска година и имаат облик на шило. Роговите на еленот редовно му паѓаат кон крајот на февруари или во почетокот на март, а до јули му се развиваат нови уште посилни рогови. Влакното на еленот е кусо, лете е со црвенкасто-кафеавкаста боја, а зиме станува сиво-кафеаво.

Елените живееат во листопадните шуми, во рамнини и во планински предели. Претежно се ноќни животни, кои дење се одмараат во засолништа. Кошутите се собираат во крда кои ги предводи доминантната женка. Мажјаците се собираат во помали групи, освен во текот на есенската сезона на парење, кога се самостајни и се борат за женките.

Исхрана Еленот како преживар се храни со растителна храна. Поради тоа, тој најчесто пасе на шумски ливади и го брсти лисјето на дрвјата и на грмушките, поради што понекогаш може да причини штети врз одделни млади стебла и насади.

Размножување Еленот е полигамен вид и за време на парењето оплодува повеќе женки за чија наклоност се бори жестоко со своите соперници, при што често доаѓа и до повреди кај елените. Во месец септември и октомври елените со своето рикање го навестуваат периодот на парење. Оплодената женка го носи младенчето околу 240 дена, а раѓа најчесто едно младо кон крајот на март и април, односно мај.

Распространетост Централна и јужна Европа, Средна Азија, Северна Америка, Северозападна Африка

Во Македонија Во Македонија живеат три рода елени, со по еден вид: обичниот елен (Cervus elaphus), еленот лопатар (Dama dama) и срната (Capreolus capreolus).

Од нив, автохтон важи обичниот елен (наречен и ридски елен), кој подоцна изумрел и природно се одржал само на планината Кожуф. По Втората светска војна повторно е повторно населен на повеќе места како резерватот „Јасен“, националните паркови „Маврово“ и „Пелистер“, како и во ловиштата „Кадина Река“ и „Пониква“..

Елените како тема во уметноста и во популарната култура „Еленот и срната“ (српски: Јелен и кошута) - српска народна песна.Народне лирске песме. Београд: Просвета, 1963, стр. 33. „Еленот и самовилата“ (српски: Јелен и вила) - српска народна песна.Народне лирске песме. Београд: Просвета, 1963, стр. 49. „Елен“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 16. „Еленот и лозјето“ - басна на Езоп.Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 69-70. „Елен самак“ — песна на Блаже Конески од 1974 година.Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 61. „Трофеен елен“ (англиски: Twelve Point Buck) — музички албум на американската рок-група Килдоузер (Killdozer) од 1989 година.Killdozer – Twelve Point Buck (пристапено на 10.11.2024) „Елените умираат сами“ (српски: Jeleni umiru sami) - песна на српската и југословенска рок-група Последња игра лептира (Poslednja igra leptira).YouTube, Poslednja igra leptira - Jeleni umiru sami (пристапено на 27.12.2016) „Еленски сватови“ (хрватски: Jelenski svati) - слика на хрватскиот уметник Иван Генералиќ од 1959 година.Središnja Hrvatska - Dvori s pogledom, Hrvatska turistička zajednica, 2009. „Лов на елени“ () - хрватски долгометражен филм од 1972 година.

Поврзано Срна Лос Ирвас

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Парнокопитни Категорија:Добиток