КК АМАК СП ― поранешен македонски кошаркарски клуб со седиште во Охрид. Клубот бил поранешен учесник во Првата македонска кошаркарска лига.

Историја

КК АМАК СП бил основан во 2005 година под името Талент АНД 1 и играл во спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид. Клубот во сезоната 2005/2006 учествувал во Втората кошаркарска лига и го освоиле првото место, обезбедувајќи пласман во Првата кошаркарска лига. На почетокот на сезоната 2006/07 клубот бил преземен од компанијата „AMAK СП“, преземајќи го и името на спонзорот. Во таа сезона клубот завршил на седмото место при што играл плеј-аут. Во сезоната 2007/08, АМАК СП го освоил високото трето место, додека во 2009 биле победници на Купот на Македонија. Во сезоната 2009/10, по само 6 одиграни кола, АМАК СП се распаднал и со тоа го откажал учеството во Првата лига поради финансиски причини. Историја на клупското име 2005-2006: КК Талент АНД 1 2006-2009: КК АМАК СП

Постигнувања Куп на Македонија(1): 2009 Втора македонска кошаркарска лига(1): 2006

Поважни поранешни играчи Слободан Агоч Александар Антиќ Бојан Апостолов Иван Атанасовски Игор Атанасовски Славиша Богавац Ефтим Богоев Дејан Вегов Ивица Вукотиќ Младен Гамбироза Ервин Драгшиќ Владимир Георгиевски Вил Кодл Никола Куга Даниел Милановски Иван Наумовски Влатко Неделков Јордан Николовски Антони Нокс Едис Нури Игор Пенов Александар Периќ Марјан Петровски Дејан Радуловиќ Иван Саздов Александар Совковски Александар Стефановски Зоран Стојанов Војдан Стојановски Дамјан Стојановски Антоније Стојковиќ Ангел Тасевски Нинослав Тмушиќ Игор Трајковски Миливоје Трифуновски Џарид Фрај Роман Хорват Вања Цветник Мирослав Чубрило Извор:eurobasket.com

Поврзано Прва македонска кошаркарска лига Втора македонска кошаркарска лига Куп на Македонија Македонска кошаркарска федерација Спорт во Охрид Кошарка во Македонија

Наводи

Надворешни врски Профил на КК АМАК СП на Eurobasket.com

Категорија:Поранешни кошаркарски клубови од Македонија Категорија:Кошаркарски клубови од Охрид Категорија:Спортски клубови од Охрид Категорија:Појавено во 2005 година во Македонија Категорија:Престаноци во 2009 година во Македонија