Olympus E-400 („Олимпус Е-400“) — дигитален рефлексен фотоапарат (DSLR) од производителот Olympus пуштен во продажба на 14 септември 2006, кој го користи објективскиот систем 4:3. . Овој 10-мегапикселски апарат може да се спореди со други вакви (DSLR) апарати излезени летото 2006 со споредлива пикселажа и цена: Sony α 100, Nikon D80, Canon EOS 400D и Pentax K10D.
Фотоапаратот E-400 е значаен по своите мали димензии, по тоа што нема дршка и по тоа што користи помал сликозафатник. Тежи само 375 гр, а по големина е приближен на филмски апарати со рачно изострување, направен да потсетува на апаратите од системот Olympus OM. Апаратот оди во комплет со два телеобјектива, 14–42 мм (еквивалентен на 28–84 мм 35-милиметарски формат), f/3,5–5,6 стандарден телеобјектив со тежина од 190 г и 40–150 мм (еквивалент на 80–300 мм) f/4,0–5,6 долг зум со тежина од 220 г. Препорачаната цена на варијантата со еден објектив изнесувала 700 фунти, а варијантата со два изнесувала 850 фунти.
E-400, како и сите фотоапарати од E-системот на Олимпус, го користи патентираниот филтер со надзвучни бранови за намалување на прашина од сликозафатникот кое се врши автоматски при вклучувањето на апаратот и по барање на корисникот; ова во најголема мера го елиминира проблемот со насобирањето на прашина во сликозафатникот.
Моделот E-400 бил контроверзен бидејќи производителот го нудел само во Европа. Остатокот од светот морал да го причека моделот E-410, кој излегол дури на пролет 2007 г. и го немал истиот Кодаков сликозафатник како E-400, туку го заменил со сликозафатник од Панасоник. Некои фотографи тврдат дека сликозафатникот на Кодак дава премин на боите и слика со повисок квалитет при пониска ISO-вредност.
Наводи
Категорија:Дигитални рефлексни фотоапарати E-400