Џек Бауер () е протагонистот и анти-херојот од Американската телевизиска серија 24, каде што има различни надлежности како владин агент, тука вклучувајќи ги Делта Силите на американската армија, Полицискиот Оддел на Лос Анџелес - Специјални Оружја и Тактики, ЦИА, и конечно во Анти-Терористичка Единица (АТЕ) Лос Анџелес. Во дејствието на 24, тој претставува клучен член на АТЕ и често е претставен како најдобриот агент на АТЕ. Работата на Бауер обично се состои во превентивно дејствување против поголеми терористички напади во САД, притоа спасувајќи цивилни животи и владини администрации. Во многу случаи Џек тоа го прави на сопствена сметка, притоа самиот и неговите блиски се честа мета на тие што ги спречува. Ликот на Џек Бауер е прикажан од глумецот Кифер Сатерленд во телевизиската серијаKen Tucker, “24: Mondays, 9 p.m., premiering Sunday, Jan. 11, at 8 p.m.,” Entertainment Weekly 1o30 (16 јануари 2009): 56. и во видеоиграта. Во 2006 Кифер потпиша договор за најмалку уште три сезони.Stephen M. Silverman (2004-10-06). "Kiefer Sutherland: $40 Million Man". http://www.people.com/people/article/0,,1181709,00.html. Посетено на 2008-04-28.Froomkin, Dan (2008-04-21). "Duped About Torture". The Washington Post. http://www.washingtonpost.com/wp-dyn/content/blog/2008/04/21/BL2008042101378_pf.html. Посетено на 2009-01-24.Sands, Phillip (2008-04-19). "Stress, hooding, noise, nudity, dogs". The Guardian. http://www.guardian.co.uk/world/2008/apr/19/humanrights.interrogationtechniques. Посетено на 2009-01-24.

Концепт и творба

Соавторот на 24 Џоел Сурноу потенцира дека немале идеја кој би бил глумецот за улогата на Џек; "Навистина не ја знаевме вистинската личност. Имавме аудиции со многу луѓе и тогаш го слушнавме името на Кифер Сатерленд и помисливме, тоа е Џек Бауер." Во 2000, пријателот на Кифер, а воедно и режисер Стефан Хопкинс, кој работел на пробната епизода за експериманталното телевизиско шоу во реално време, контактирал со Сатерленд и му ја понудил главната улогаHedegaard, Erik (2006-04-20). "Kiefer Sutherland: Heart of Darkness". Rolling Stone Magazine. http://www.rollingstone.com/news/profile/story/9596933/alone_in_the_dark_with_kiefer_sutherland . Посетено на 2008-07-04.. Во почетокот, Кифер не бил премногу оптимист за улогата на Бауер, изјавувајќи, "Мислев, 'Ова е доста паметно и различно, па би немало шанса да го одберат. Но би ми требале парите, а и никој не би го гледал'."

Сатерленд мора да одигра околу 18 часа во секоја сезона, "што е како да направиш 12 играни филмови, па би имало грешки во текот на снимањето, но јас сум неверојатно изненаден колку добро течеа работите со тоа темпо.Joel Schumacher (2004-02-01). "Kiefer Sutherland: he's been around Hollywood for more than 20 years, but these days, this bold talent has them counting the minutes". Interview. http://www.findarticles.com/p/articles/mi_m1285/is_1_34/ai_112482982/pg_2 . Посетено на 2008-07-04."

Сатерленд потпиша договор да ја глуми улогата на Бауер уште три сезони за 40 милиони американски долари. Сатерленд е исто така и извршен продуцент на 24.Jenna Fryer (2004-01-01). "24 SEASON 3 Q&A with JOEL SURNOW, ROBERT COCHRAN and HOWARD GORDON". Phase 9 Movies. http://www.phase9.tv/moviefeatures/24season3q&a-joelsurnow2.shtml . Посетено на 2008-07-04.

Улога

Џек Бауер е роден во Санта МоникаCerasini, Marc (2003). 24: The House Special Subcommittee's Findings at CTU (First ed.). Harper Collins. pp. 7. ISBN 0-06-053550-4. , Калифорнија на 8 февруари 1966"Debrief #2: 09:42:22". Writer: Howard Gordon, director: Brad Turner. 24. 2007-05-28.. Син е на Филип Бауер, кој целиот свој живот го поминува во својата компанија BXJ Technologies. Името на мајката на Џек е непознато. Џек има еден брат, Граем Бауер. Филип првенствено планирал да му ја даде компанијата на Џек"12:00 PM - 1:00 PM". Writer: Howard Gordon, director: Jon Cassar. 24. 2007-02-05. No. 127, season 6. , но како што Џек кажува во Ден 6, "Морав да одам по сопствениот пат."3:00 PM - 4:00 PM". Writer: Howard Gordon, director: Brad Turner. 24. 2007-02-19. No. 130, season 6"

Џек има Диплома од Англиска Литература и Уметност на Универзитетот на Калифорнија во Лос Анџелес и Магистратура по Криминологија и Право на Универзитетот на Калифорнија во БерклиFOX Broadcasting Company: 24. Се пријавил во американската војска и понатаму влегол во елитните Делта Сили (меќу неговите почести се Сребрена Ѕвезда, Пурпурно Срце и Легија на Мерит). Ја напушта Армијата со ранк Капетан, врз основа на неговото досие за служба. Следната негова кариера е во Полицискиот Оддел на Лос Анџелес - Специјални Оружја и Тактики и за Централната Разузнавачка Агенција. Во АТЕ е регрутиран од Кристофер Хендерсон"4:00 PM - 5:00 PM". Writer: Joel Surnow, director: Tim Iacofano. 24. 2006-02-27. No. 106, season 5..

Има покажано голема вештина за огнено оружје, експлозиви, електронски направи, отпор при испрашување, и способноста да разбира Шпански и Руски.

Исто така може да управува и со авиони (Сезона 2) и хеликоптери (Сезони 3 и 5).

Појавувања

Како протагонист и централна фигура во 24, Џек Бауер е единствениот карактер кој се појавува во секоја епизода од сериите.

24 Сезона 1

Во Сезона 1, жената на Бауер, Тери Бауер, и неговата ќерка Ким Бауер се киднапирани од Виктор Дражен, човек којшто Бауер мисли дека го убил во воената Операција Самрак во Косово, две години порано. Џек се обидува да ги спаси, истовремено спречувајќи атентат врз претседателскиот кандидат Сенаторот Дејвид Палмер. Мислејќи дека Ким е убиена од Дражен, Џек го убива Дражен и неговите соработници. Кога Бауер се враќа назад во АТЕ, Нина Маерс, за која знае дека е предавник, ја убива Тери за да си го олесни бегството. Сезоната завршува со сцена од Џек со Тери мртва во неговите раце.

24 Сезона 2

Осумнаесет месеци по случувањата од Ден 1 и загубата на неговата жена Тери, Џек е замолен да се врати назад во АТЕ по барање на Џорџ Масон и НСА. Џек, кој сѐ уште е во болка од смртта на неговата жена и фактот дека неговата ќерка Ким не сака ништо со него, одбива поради фактот дека ги смета АТЕ за одговорни за тоа што се случи на Тери. Меѓутоа, по барање на сега Претседателот Палмер, се враќа во АТЕ, каде дознава дека постои ризик од терористи во Лос Анџелес кои планираат да детонираат јадрена бомба во градот ве текот на денот.

24 Сезона 3

Три години подоцна, Џек се враќа од тајна мисија извршена врз Рамон Салазар, мексикански "крал на дрогата". Иако операцијата е успешна и Салазар е уапсен, тоа доаѓа со висока цена. Бауер завршува со зависност од хероин со цел да ја одржи неговата маска кај Салазар, и обиди да се бори против зависноста со таканаречена "ладна мисирка", целосно апстинирајки од хероинот. Братот на Рамон, Хектор, инсистира Бауер да остане жив со цел да го купи Кордила вирусот и да го продаде преку подземни организации низ светот за да оствари профит од една милијарда долари. Најпосле Бауер ја придобива довербата од Рамон Салазар и дознава дека нов купувач е во игра, предводен од Нина Маерс. Продажбата на вирусот не поминува добро, но Нина е фатена и однесена во притвор и на крајот погубена од Бауер кога веќе не му е потребна. Подоцна Џек дознава дека човекот задолжен за дистрибуцијата на вирусот и нападите е Стефан Сондерс, еден од поранешните членови на тимот предводен од Џек во операцијата Самрак на Косово, за кој верувал дека е загинат. Конечно Џек и Чејс Едмундс го заробуваат Сондерс и му ја оземаат ампулата со вирусот. При последната подготовка на податоци за понатамошна обработка со користење на операциите пребарување, пронаоѓање и вчитување, Џек е приморан да му ја отсече раката на Чејс користејќи секира бидејќи за да го спречи осомничениот да избега со направата и вирусот, Чејс ја врзува раката со титански стегач. Откако ја напушта болницата после одлуката на Чејс, Џек последните минути од 24 часа ги минува сам во својот џип.

24 Сезона 4

Три месеци подоцна, Џек е отпуштен од страна на Ерин Дрискол поради неговата зависност од хероин здобиена претходно во Сезона 3. Се вработува во Министерството за Одбрана и влегува во врска со ќерката на Министерот за Одбрана, Одри Рејнс. Осумнаесет месеци после Ден 3 Џек се враќа назад во АТЕ да помогне да се запре терористот Хабиб Марван. Одри е сведок на бруталното испрашување на Џек врз нејзиниот отуѓен сопруг Пол Рејнс, по што таа се преиспитува дали е можно да биде во врска со Џек. Подоцна во текок на денот, Џек е замолен поранешниот претседател Дејвид Палмер, кој сегашниот Претседател Чарлс Логан го назначува за советник, да се инфилтрираат во Кинескиот конзулат и да го киднапираат лицето Ли Јонг кој има клучна информација. Меѓутоа, во текот на акцијата Кинескиот конзул случајно е убиен од пријателски оган. Кинезите наскоро дознаваат дека Џек стои позади нападот на конзулатот, притоа принудувајќи го Џек да ја исценира сопствената смрт и да се крие, со цел да избегне да биден заробен од кинезите, а воедно и како превенција да не биде убиен од американската влада со цел да не открие воени тајни на кинезите"6:00am-7:00am". Writers: Robert Cochran and Howard Gordon, director: Jon Cassar. 24. 2005-05-23. No. 96, season 4..

24 Сезона 5

Откако Мишел Деслер и Дејвид Палмер се убиени, а Тони Алмеида се претпоставува мртов од страна на атентаторите, Џек е принуден да престане да се крие. Тој дознава дека заверата на атентаторите е да го наместат него за убиствата. Клои О'Брајан е спасена од Џек при обидот на атентаторите да ја убијат и неа. Џек ги испрашува атентаторите и извлекува информации дека тие го местат. Терористи го заземаат терминалот на аеродромот, при што АТЕ дознава дека ситуацијата со заложниците е само мамец за да се стигне до воениот нервен гас Сентокс Ви-Икс 1. Џек следи голем број траги што го водат кон Кристофер Хендерсон, човек за којшто Џек порано работел во АТЕ. Џек оди притаено кога терористите се обидуваат да испуштат цилиндар од гасот во трговскиот центар Санрајс Хилс, и го спречува обидот наспроти наредбите од Претседателот. На крајот од сезоната Џек е фатен од Кинезите и затворен поради неговите акции во Ден 4. Иако целото време е мачен, Џек не издава ниту една информација.

24 Сезона 6

Последните 11 недели, Соединетите Американски Држави се постојана цел на терористички напади и експлозии, во јавните згради и транспортот. Џек е ослободен од Кина 20 месеци од неговото затворање на крајот на Ден 5. Се дознава дека е ослободен само со цел да се предаде на Абу Фаед.