Лучишта или Лутишта (дијалектно: Лучишча; , Керасона; до 1927 г. Λούτιστα, ЛутистаΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Λούτιστα -- Κερασώνα) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта од Костурскиот Округ на Западна Македонија, Грција. Населението брои само 1 жител, Македонец (2021).

Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Костенарија, на 25 км југозападно од градот Рупишта, во јужните пазува на планината Одре, на надморска височина од 850 м.

Историја

Во Отоманското Царство Во XIX век Лучишта било македонско село во Костурската Каза на Горичкиот Санџак. Селото се наоѓало на самата македонско-грчка етничка граница — на југ има само грчки (т.е. погрчени македонски) и влашки села. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Лучишта имало 90 жители, сите Македонци.

Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 20 македонски семејства. На етничката карта на Костурското братство од 1912 г. Лучишта е означено како „грчко“ село.

Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 126 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 100. Во 1927 г. името на селото било променето во Керасона (Κερασώνα).

Селото силно настрадало во Граѓанската војна (1946-1949). Било нападнато од страна на организирани грчки вооружени банди и од војската. Оттогаш наваму населението на селото бележи постојано намалување.

Стопанство Селото се смета за мошне сиромашно. Населението се занимава со земјоделството и сточарството.

Население

Самоуправа и политика Селото припаѓа на општинската единица Рупишта со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Рупишта, во округот Костур. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Жиковишта, во кој влегуваат и селата Бухин и Жиковишта.

Личности Родени во Лучишта

Паскал Минов — гркомански андартски деец поп Стерјо — гркомански андартски деец

Наводи

Категорија:Рупишта Категорија:Одре