Нестиме или Нестим (, Ностимо; до 1927 г. Νιστήμιον, Нистимион) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта од Костурскиот Округ на Западна Македонија, Грција. Населението брои 73 жители (2021).
Географија ляво|мини|250п|Зградата на Палеонтолошкиот и палеоботанички музеј. Селото се наоѓа на најисточните падини на планината Одре во областа Костенарија. Лежи на 18 км јужно од Рупишта. Атарот зафаќа површина од .
Меѓу Нестиме и соседното село Бела Црква има праисториска скаменета шума. Во селото има Палеонтолошки и палеоботанички музеј.
Историја Во Отоманското Царство Во минатото селото се наоѓало малку појужно, во местноста Старо Нестиме, каде денес се гледаат урнатини од куќи и остатоци од црквите „Св. Анастасиј“ и „Св. Архангели“. Селото е разурнато во времето на Али-паша Јанински и се преместило на сегашното место.Σιδερίδης, Μιλριάδης Δημήτριος. Άγνωστες σελίδες της ιστορίας: το χωριό Νόστιμο των Καστανοχωρίων Ν. Καστοριάς στο διάβα των αιώνων και το απολιθωμένο δάσος, Νόστιμο, 2002, σ 47.
На крајот од XIX век Нестиме било македонско село во Населичката Каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Нестимъ има 260 жители Македонци христијани.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Нестима е чисто македонско село во Костурската Каза на Горичкиот Санџак со 60 куќи.
На почетокот на XX век христијанските жители на Нестиме биле под врховенството на Цариградската патријаршија. Според Христо Силјанов во април 1904 г. Нестиме (Нестимъ) прешло под врховенството на Бугарската егзархија, но според ехзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Нестин имало 320 Македонци под патријаршијата кои тој ги нарекува „гркомани“. Во 1904 г. при реорганизацијата на Костенарскиот револуционерен реон по Илиденското востание, во селото е создаден револуционерен комитет на ВМОРО.
На 8 ноември 1903 г. (или 1904), на празникот Арангел, македонска чета упаднала во литургијата на местнот водач на грчкиот комитет, свештеникот Хараламби Пагунадов (Хараламбос Пагунадас).
Во 1906 г. селото настрадало од андартски напади. Според Георги Константинов Бистрицки, Нестиме пред Балканските војни имало 50 куќи, од кои на 30 Македонци-христијани и 20 Макдонци-муслимани. Според Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) во приближно истиот период Нестими имало 55 куќи на Македонци-христијани и 15 куќи на Македонци муслимани.
Во егзархиската статистика за 1908/09 г. Атанас Шопов го води Нестин во списокот на македонските патријаршистички, полупогрчени села во Населичката Каза.
Според Георгиос Панајотидис, учител во Цотилската гимназија, Нестиме (Νεστήμι) во 1910 г. имало 60 македонојазични семејства — 43 христијански и 17 муслимански. Во селото силно работела грчката пропаганда — имало едно училиште со 1 учител и 35 машки ученици.
Во Грција мини|250п|Учители, ученици и жители на селото на училиштен празник, сликани пред училиштето во 1930 г. Во средината горе е попот Теохарис Папаконстантину (андартски деец) и учителите Штерјана, Спиро Каминас и Теано. За време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска и во 1913 г. влегло во состав на Грција. Таа година броело 451 жител кои во 1920 г. се накачиле на 498.
Во 1922 г. малобројните муслимански семејства се иселени во Турција согласно Лозанскиот договор, а на нивно место се доведени грчки доселеници во речиси еднаков број. Така Нестиме станало мешана населба, но со апсолутно мнозинство на Македонци.
Во 1927 г. селото е преименувано во Куфоксилија, но следната година името му е вратено, овојпата во обликот Ностимо. Таа 1928 г. имало 410 жители. Во документ на грчките училишни власти од 1941 година се вели дека во Нестиме:
Населението произведува претежно жито, но делумно се занимава и со сточарство.
Селото силно настрадало во Граѓанската војна (1946-1949). По војната многу жители на селото се иселиле во прекуокеанските земји.
За црквата „Света Троица“ се смета дека е изградена заедно со селото (на денешното место) во XVIII век. Подоцна е урната и на нејзино место е подигнат поголем храм во облик на базилика со женска црква. Во 1952 г. поради пукнатини на ѕидовите зградата е срушена и одновно изградена.
Во 1972 г. Нестиме, заедно со Жиковишта и Либешево е одвоено од Кожанскиот и префрлено во Костурскиот Округ. Во црковен поглед трите села останале во составот на Шишанско-сачишката епархија.
+ Месности во Нестиме преименувани со службен указ на 31 јули 1969 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Селишта Σέλιστα Врисес Βρύσες река на С од Нестиме, десна притока на Галешово Думба Ντόμπα Орихеја Όρυχεϊαврв на Одре на С од Нестиме (931,8 м) Старо Нестиме Παλιό Νεστίμ Ламброс Λάμπροςвозвишение на Одре на З од Нестиме
Население
Наводи
Категорија:Рупишта