Лизинг (англиски: Leasing) претставува трговска и финансиска дејност преку која трговските субјекти, најчесто малите и средните претпријатија, се обраќаат до некоја специјализирана институција да земат под закуп инвестициона опрема за определен рок и за определен надомест. Лизингот во неговата наједноставна форма претставува инструмент за обезбедување на финансиски средства и широко се дефинира како договор помеѓу две страни, каде што едната страна (давателот на лизинг) дава на користење некое средство на другата страна (корисник на лизингот) за одреден временски период и за однапред утврден надомест.Fletcher,M.;Freeman, R.; Sultanov, M. and Umarov, U., "Leasing in development - Guidelines for emerging economies", IFC, 2005. Суштината на лизингот произлегува од идејата за профитабилно користење на некое инвестициско добро проследено со флексибилен начин на плаќање што овозможува инвестиција без дополнително ангажирање на основен капитал, успешно работење и најголема искористеност на средствата. Денес лизингот претставува вообичаен начин за долгорочно финансирање на компаниите во развиениот свет.Арсов, С., "Финансиски менаџмент", Економски факултет - Скопје, Скопје, 2008, стр. 183-184.
Договор за лизинг Под договор за лизинг се подразбира обврска за едната договорна страна – давател на лизингот да ја отстапи договорената ствар на користење и да ги преземе сите други дејствија во врска со правилно и уредно искористување на договорената ствар на другата договорна страна - корисник на лизингот, која, од своја страна, се обврзува на другата договорна страна да ѝ ја плати договорената награда.Владимир Капор и Славко Царић, Уговори робног промета, Нови Сад, 2000.
Друга дефиниција би била, дека лизингот е договорен однос со кој едната страна - давател на лизинг се обврзува на другата страна - корисник на лизинг, да ѝ финансира набавка на опрема, на тој начин што опремата која корисникот на лизинг ќе ја одбере, давателот на лизинг ќе ја купи или порача да се направи кај производител, па откако давателот на лизинг ќе стане нејзин сопственик ќе ја предаде на користење и употреба на корисникот на лизинг на одредено време, а корисникот на лизинг се обврзува да плати одреден надоместок за истото, со право да може по истекот на рокот на договорот, истата да ја купи, да ја врати или продолжи да ја користи.
Сопственик на предметот што се дава на користење е јасно определен, тоа е давателот на лизинг предметот. Всушност се работи за договорен пренос на правото на користење на современа и најнова техничко-технолошка инвестициона опрема, кое право може да вклучува и елементи на лиценца и/или know how. Овој договорен пренос на правото на користење може, но не мора да заврши со пренос на правото на сопственост, што од своја страна, значи прифаќање на функционално-прагматичниот отколку на формално и догматско-традиционалниот пристап на водење на бизнисот.
Функционалниот пристап упатува на тоа дека претприемачите не треба да се оптоваруваат со правото на сопственост во водењето на својот деловен потфат, туку нивна движечка сила треба да биде мотивот како побрзо да дојдат до посовремени и поевтини средства за работа.
Договорни страни Даватели на лизинг можат да бидат домашни или странски трговски друштва кои согласно Законот за трговски друштва, основале подружница во Република Македонија и согласно Законот за лизинг добиле дозвола од Министерството за финансииМинистерство за финансии на Република Македонија за вршење на финансиски лизинг.
Како корисник на лизинг може да се јави секое домашно или странско, деловно способно физичко или правно лице кое е регистрирано во соодветен регистар, кое лице го прима на користење предметот на лизингГоран Коевски, Водич за алтернативните извори на финансирање..
Права и обврски на договорните страни Корисникот на лизинг ги има следниве права и обврски: има право да го користи предметот за економска корист има фактичко владение врз предметот, но правно не е сопственик треба да му ја плати на давателот на лизинг договорената лизинг рата
Давателот на лизинг ги има следниве права и обврски: правно е сопственик на лизинг предметот му дозволува на корисникот на лизинг да го употребува и да ја извлекува економската корист од лизинг предметот има право на наплата на лизинг рата.
Предмет на лизинг Предмет на лизинг е секој подвижен или недвижен предмет кој се дава на користење на корисникот на лизинг, освен оние предмети за кои со закон има ограничување да можат да бидат предмет на лизинг.
Како предмет на лизинг можат да се јават најразлични предмети и опрема. Каква опрема ќе се дава на лизинг зависи првенствено од давателот на лизинг, но и од потребите на корисникот на лизинг.
Правна природа на договорот за лизинг Лизингот во себе содржи елементи и институти од повеќе договори: договор за закуп, договор за заем, договор за купопродажба со одложено плаќање и сл. Самото потекло на зборот лизинг доаѓа од англискиот глагол „to lease“, што значи да се даде под закуп или наем.
Кредитната компонента кај договорот за лизинг се гледа во тоа што давателот на лизинг се јавува како финансиер или пак ангажира трет субјект да го финансира купувањето на лизинг предметот, а се покрива преку поврат на зголемени лизинг рати.
Од друга страна кај продажбата без оглед дали во готово или на кредит, намерата е сопственичките права де се пренесат во моментот на потпишување на договорот за продажба, а сопственоста се пренесува на купувач во моментот на предавање на стварта, додека кај купопродажбата со задржување на правото на сопственост, сопственоста се пренесува со плаќање на последната рата. Кај лизингот, при потпишување на договорот за лизинг, не постои намера за пренесување на сопственоста од давател на корисник на лизинг, ниту со исплата на последната лизинг рата.
Една од главните економско-правни одлики на лизингот е можноста за предвидување на една од трите алтернативи по истекот на рокот на договорот: да се врати предметот на лизингот на давателот на лизингот да се продолжи да се користи предметот по поповолни, повторно преговарани услови или лизинг предметот да премине во сопственост на корисникот на лизингот.
Форма на договорот за лизинг Во компаративното право, не постојат посебни одредби за формата на договорот за лизинг. Но, според македонското позитивно право, договорот за лизинг е строго формален договор, кој поради задолжителната содржина, мора да се завери кај нотар.
Видови на лизинг договори 1. Според одликите на предметот на лизинг се разликуваат: лизинг на потрошни добра инвестиционен лизинг лизинг на подвижни и недвижни ствари лизинг на веќе употребени ствари
2. Според должината на траење на договорот се разликуваат: краткорочен или оперативен лизинг долгорочен или финансиски лизинг
3. Според положбата на давателот на лизинг постојат: лизинг каде што произведувачот на лизинг објектот и давател на лизингот се различни лица или лизинг преку лизинг друштво концерн лизинг, каде што лизинг друштвото по пат на концерн се поврзува со произведувачи, трговци и финансиски институции во единствен процес на лизинг услуги произведен лизинг, кога произведувачот на лизинг објектот истовремено е и давател на лизинот производно-финансиски лизинг, каде примателот на лизинг стапува во директни односи со банка која го кредитира примателот на лизингот во поглед на обврските кои произлегуваат од договорот за лизинг.
Правно уредување на лизингот во Македонија Во нормативната практика на Република Македонија, може да се разликуваат две фази во уредувањето на лизингот: Првата, до донесувањето на Законот за лизингСлужбен весник на Република Македонија—бр.4/2002 год и втората по донесување на овој закон.
За првата фаза карактеристично е што лизингот за надворешно-трговските потреби се уредуваше со Законот за надворешно-трговско работењеСлужбен весник на Република Македонија, бр.31/93, 41/93, 78/93, 59/96, 15/97, 13/98, 50/99, 82/99 и 4/2001 г. , додека во внатрешниот промет во недостаток на домашна легислатива, како помошни се користеа одредбите од сојузниот Закон за облигациони односи, а особено одредбите од договорот за продажба кои се однесуваат на продажба со задржување на правото на сопственост, потоа, на договорот за закуп, договорот за кредит, заради плаќањето на лизинг ратите и други. Сепак, како најчести извори на договорот за лизинг се користеа општите услови за работење на специјализирани трговски организации кои се бавеа со вршење на лизинг дејност- лизинг друштвата.
Втората фаза ја означува влегувањето во сила на Законот за лизинг, кога своја полна примена доживува одредбата од член 571 од Законот за облигациони односи според која одредбите од договорот за закуп според ЗОО нема да се применуваат врз закупите уредени со посебни прописи, со што јасно се упатува дека на договорот за лизинг целосно и исклучиво ќе се применуваат одредбите од Законот за лизинг.
Како важен за лизингот во Република Македонија е Законот за банки каде што е утврдено дека со лизинг дејност, покрај банките, можат да се занимаваат и небанкарски институции. Важни за лизингот како алтернативен извор на финансирање на мали и средни претпријатија се и Законот за основање на македонска банка за поддршка на развојот и Предлогот за донесување на Закон за гарантен фонд на Република Македонија од 1 јули 2003 година, со кој се уредува начинот на издавање гаранции на име на обезбедување на дел од кредит или лизинг на крајни корисници.
На меѓународен план, значајна е UNIDROIT Конвенцијата за меѓународен финансиски лизинг од Отава од 1988 година, која стапи насила на 1 мај 1995 година и се однесува само на финансискиот лизинг. Република Македонија ја нема ратификувано оваа конвенција.Благица Георгиева,” Лизинг-како алтернативен извор на финансирање”, Правник, бр.147/148, јули-август 2004.
Историска појава и развој на лизингот Функционалниот пристап на работење како модел е инхерентен за американската деловна практика. Овој факт објаснува зошто лизингот, заедно со франшизингот и другите алтернативни методи на финансирање, се појавуваат токму во САД и доживуваат своја светска, односно европска афирмација во Втората светска војна.
Според податоците од Меѓународната финансиска корпорација во 1994 година 1/8 од вкупните приватни вложувања во светот се вршеле по пат на лизинг системи, во земјите на Организацијата за европска соработка и развој ОЕЦД. Учеството во финансирањето по пат на лизинг изнесувало 1/3 од вкупните вложувања, и на крајот, во САД 350 милијарди долари се припишуваат како инвестиции по пат на лизинг.Капитал, 18 април, 2002 година.
Лизингот е трет најзначаен извор на финансирање во светот, после кредитот и Евро-обврзниците. Во Република Македонија, штедилницата “Можности” беше прва финасиска институција која го воведе лизинг системот под нормативната капа на Законот за Облигациони односи.
Една од спецификите на лизингот е тоа што во развиените земји каде што се појавил и развил лизингот, не постојат посебни закони кои ја уредуваат лизинг дејноста и договорот за лизинг, туку тој се уредува по правилата на автономното, спонтано развиено трговско право.
Причини за појава на лизингот Според досегашните научни и практични изучувања и анализи на лизингот, како главни причини за неговата појава и развој се наведуваат: Потребата од развој на нови, алтернативни методи на финансирање на набавката на инвестициона опрема или други подвижни или недвижни предмети, посебно од страна на мали и средни претпријатија Неопходна форма за финансирање на малото стопанство, односно мали и средни претпријатија кои немаат доволно финансиски средства за набавка на сопствени средства за работа од една, и недовербата на банкарските институции кон малите, средните и нови претпријатија на пазарот, од друга страна. Со фаворизирањето на развојот на малото стопанство, се овозможува отворање на нови работни места и на тој начин се апсорбира вишокот на работната сила од гломазните индустриски системи.