300px|right|thumb|„Сонот на витезот“ од Антонио де Переда Сон — низа на слики и чувства кои се појавуваат за време на спиењето. Содржината и целта на соништата не може целосно да се разбере, иако тие биле предмет на интерес низ историјата. Научната дисциплина која се занимава со соништата е позната како онирологија, а толкувањето на сонот се нарекува ониромантија.
Содржина на соништата Од 1940-ти до 1985 г., Калвин Хал собрал повеќе од 50.000 извештаи од соништа од Универзитетот Вестерн Ресерве (Western Reserve University). Во 1966 г. Хал и Ван де Кастл ја издале Анализата на содржината на соништата во која прикажале систем на кодирање за проучување на 1000 извештаи на соништа од студенти на универзитетот.Hall, C., & Van de Castle, R. (1966). The Content Analysis of Dreams. New York: Appleton-Century-Crofts. Content Analysis Explained Се докажало дека луѓето низ цел свет сонуваат главно исти работи. Целосните извештаи за соништа на Хал штитеникот на Хал, Вилијам Домхоф, ги направил достапни за јавноста во средината на 1990-ти, а дозволил и различни анализи.
Личните искуства од последниот ден или недела се најчесто вклучени во соништата.
Чувства Најчесто чувство што се јавува во соништата е немир. Другите чувства вклучуваат болка, осаменост, страв, радост итн. Негативните чувства се многу почести од позитивните.
Сексуални теми Анализираните податоци на Хал покажале дека сексуалните соништа не се појавуваат повеќе од 10 проценти од времето и се подоминантни во средината на тинејџерските години. Друго проучување покажало дека 8% од соништата на мажите и жените имаат сексуална содржина.Zadra, A., "1093: SEX DREAMS: WHAT DO MEN AND WOMEN DREAM ABOUT?" SLEEP, Volume 30, Abstract Supplement, 2007 A376. Во некои случаи сексуалните соништа можат да резултираат со оргазам. Тие соништа се познати како еротски соништа.http://www.measuredhs.com/pubs/pdf/FR157/04Chapter04.pdf Badan Pusat Statistik "Indonesia Young Adult Reproductive Health Survey 2002-2004" p. 27
Повторливи соништа Додека соништата се сонуваат само еднаш, многу луѓе искусиле и повторливи соништа, што всушност претставува еден ист сон кој се јавил во различни прилики на спиење. Околу 70% од жените и 65% од мажите дале извештај за повторливи соништа.
Најчести теми Анализата на содржините покажала дека се појавуваат некои најчести теми во соништата. Во нив спаѓаат: ситуации поврзани со училиштето, прогонување, трчање бавно на некое место, паѓање, доцнење, смрт на некоја жива личност, некој мртов дека е жив, паѓање на заби, летање, некои идни настани како родендени, годишнини итн. ( со различни сценарија), незгодни моменти, вљубување во некоја непозната личност, разочарување од некое испитување, неспособност да се движиш, невозможност да го фокусираш погледот, сообраќајни несреќи, дека си обвинет за некое злосторство кое не си го направил, случајно да сфатиш дека си гол, одење во тоалет и многу други.
Боја наспроти црно-бело Дванаесет проценти од луѓето сонуваат само во црно-бело. Проучувањата од 1915 г. до 1950-тите се држеле до тоа дека најголем дел од соништата се црно-бели, но овие резултати почнале да се менуваат во 1960-тите. Во денешно време само 4,4 % од соништата на луѓе под 25 години се црно-бели. Неодамнешни истражувања укажуваат дека променетите резултати можеби се резултат на промената на телевизорите од црно-бели во боја.
Неврологија на спиењето и соништата
thumb|ЕЕГ ги покажува мозочните бранови за време на РЕМ-спиењето|200px Нема општоприфатена биолошка дефиниција за сонувањето. Општите набљудувања покажуваат дека соништата се силно поврзани со брзото движење на очите т.е. РЕМ-спиењето, а на електроенцефалограм се гледа дека тогаш активноста на мозокот најмногу наликува на будност. Незапаметените соништа надвор од РЕМ-спиењето се најчесто обични во споредба со другите. За време на животниот век една личност минува околу шест години во сонување, што е околу два часа секоја вечер.) Повеќето од соништата траат од 5 до 20 минути. Инаку, не е познато од кој дел на мозокот потекнува сонот, дали постои едно единствено место одговорно за сонот, или пак сонот потекнува од повеќе делови на мозокот, или која е целта на сонувањето за телото и умот.
Се претпоставува дека сонот е резултат на диметилтриптамин (DMT) во мозокот. За ова Џ. Келавеј предложил биохемиски механизам во 1988 г. според кој диметилтрипаминот може да се поврзе со феноменот на визуелен сон, каде што нивото на диметилтрипамин во мозокот периодично се издигнува за да предизвика визуелно сонување и други природни состојби на умот.
За време на РЕМ-спиењето ослободувањето на одредени невротрансмитери е речиси потиснато. Како резултат на тоа, моторните неврони не се стимулираат, а состојбата е позната како РЕМ-атонија. Ова ги спречува соништата да предизвикаат опасни движења на телото.
Проучувањата покажуваат дека различни видови на цицачи и птици доживуваат РЕМ-фаза за време на спиењето.
Откривањето на РЕМ Во 1952 г. Јуџин Асерински го открил РЕМ-спиењето додека работел на операција на неговиот советник. Асерински забележал дека очите на заспаните треперат под затворените очни капаци, а подоцна користел и апарат за детектирање за да ги сними мозочните бранови за време на овие периоди. За време на една сесија го разбудил субјектот кој завивал и плачел за време на РЕМ-спиењето и го потврдил сомнежот дека всушност субјектот сонувал. Во 1953 г. Асерински и неговиот советник го издале пионерското откритие во списанието „Наука“ (Science).
Теории за сонот Во своите „Дијалози“, папата Григориј I ги дели соновите во неколку категории: прво, соништа предизвикани од преоптоварен стомак или од суета; второ, несериозни соништа; понатаму, соништа предизвикани од желбите, или истовремено од желбите и од разиграноста на духот; соништа-откровенија; и измешани соништа, како резултат на желбите и на откровението.Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 205.
Бидејќи методите на интроспекција биле заменети со повеќе самосвесни објективни методи во социолошката наука во 1930-тите и 1940-тите, проучувањето на соништата се исфрлило од научната литература. Соништата не биле ниту директно видливи од експериментаторот, ниту пак биле доверливи субјектите или извештаите за соништата на субјектите, бидејќи биле изобличени како резултат на задоцнето присетување, ако и воопшто субјектите можеле да се присетат. Многу почесто соништата целосно се забораваат, можеби како резултат на нивниот недозволен карактер (Фројд 1955 г. [1900 г.]). Најпосле, се чинело дека овие проблеми ги ставаат соништата надвор од доменот на науката.
Откривањето дека соништата се случуваат главно за време на една специфична електрофизиолошка состојба на спиење, брзо движење на окото или РЕМ спиење, која може објективно да се набљудува, довело до враќање на интересот за овој феномен. Кога било одредено времето на траење на РЕМ фазата и субјектите биле разбудени за да дадат извештај пред да се случи некоја измена или заборавање, било утврдено дека субјектите многу точно го одредуваат времето додека се одвивало спиењето и дека раскажувањето на соништата всушност одговара на должината на РЕМ спиењето кое му претходело на будењето. Блиската врска меѓу РЕМ спиењето и сонот била првата основа за серија на извештаи кои го опишуваат сонувањето: дека е редовно навечер, најчесто повремен феномен и е активност со висока честота за време на секое спиење и се јавува во утврдени интервали отприлика секој 60-90 минути кај сите луѓе во текот на животниот век. Фазите на РЕМ спиење и соништата што ги придружуваат прогресивно се продолжуваат во текот на ноќта, во првата фаза се најкратки, околу 10-12 минути, а во втората и третата фаза се зголемуваат до 15-20 минути. На крајот на ноќта соништата може да траат околу 15 минути, иако овде може да се сонуваат различни прикаски како резултат на краткотрајни возбудувања што го прекинуваат спиењето кога ноќта завршува. Извештаите од соништа можат да бидат извештаи од нормални субјекти, во 50% од случаите кога будењето се прави пред да заврши првата РЕМ фаза. Степенот на враќање на податоците се зголемува до 99% ако будењето е направено во последната РЕМ фаза во ноќта. Зголемувањето на способноста за присетување е поврзана со засилувањето на мечтата, боите и емоциите во сонот во текот на ноќта. Приказната во сонот во последната РЕМ фаза е најдалеку од реалноста, содржи најмногу необични елементи и заедно со зголемената веројатност за спонтани возбудувања дозволува да се случи будењето, што ја повишува можноста за сеќавање на последниот сон. Различните луди особини на сонот придонесуваат и да се смета самиот сон за „луд“. Извештаите дека првите соништа во ноќта се пореални, всушност се мешаат со мислите за будење.
Хаглингс Џексон (1932 г.) сметал дека спиењето помага да се поништат непотребните сеќавања и врски од текот на денот. Ова го прегледале Крик и Мичисон (1983 г.) и цитирале дека сонот во спиењето е период на обратно учење. Сепак, спротивниот став дека со сонувањето се пренесува информација исто така постои.
Проучувањето на соништата е спремно да продолжи надвор од опишувањата. Многу факти беа собрани за различната ментална активност без некое јасно разбирање на нејзината основна природа. Како може сонот да добие драматична форма без некој своеволен придонес на намерата на сонувачот? Како се формираат перцепциите кои често на економичен начин го изразуваат поврзувањето старите сеќавања и искуствата од моменталното будење? Дали има ефект од соништата и покрај тоа што се забораваат? Што ни кажуваат процесите за тоа како функционира умот? соништата се тежок предизвик. Тие заслужуваат да дадеме се од себе.
Хипотези за сонувањето Постојат многу хипотези за функцијата на соништата меѓу кои: Во текот на ноќта има многу надворешни стимули кои ги бомбардираат нашите чувства, но умот го толкува стимулот и го прави дел од сонот со цел да обезбеди континуитет во спиењето. Сепак умот ќе го разбуди поединецот ако е во опасност или ако е извежбан да реагира на одредени звуци, како што е плачење на бебе. Сонот дозволува потиснатите делови од умот да се задоволат со помош на фантазија, а во исто време го одржува свесниот ум подалеку од мисли кои би предизвикале ненадејно будење во шок. Фројд сметал дека лошите соништа му овозможуваат на умот да стекне контрола врз емоциите кои би резултирале во болни доживувања. Јунг сметал дека соништата вршат компензација на одредени ставови кои се чуваат во будната свесност.Jung, C. (1948) General aspects of dream psychology. In: Dreams. Princeton, NJ: Princeton University Press, 23-66. ФеренциFerenczi, S. (1913) To whom does one relate one's dreams? In: Further Contributions to the Theory and Technique of Psycho-Analysis. New York: Brunner/Mazel, 349. претпоставувал дека соништата, ако се поттикне личноста, може да кажат нешто што отворено не е кажано. соништата се како операциите за прочистување на компјутерите кога се исклучуваат, ги отстрануваат паразитските израстоци или други „грутки“ за време на спиењето.Evans, C. & Newman, E. (1964) Dreaming: An analogy from computers. New Scientist, 419:577-579.Crick, F. & Mitchison, G. (1983) The function of dream sleep. Nature, 304:111-114. соништата создаваат нови идеи преку составување на случајни мутации на мисли. Некои од нив умот може да ги исфрли како бескорисни, додека други може да се сметаат за вредни и да бидат задржани. БлехнерBlechner, M. (2001) The Dream Frontier. Hillsdale, NJ: The Analytic Press. ја нарекуваа оваа теорија „Дарвинизам поврзан со сонот.“ соништата го регулираат расположението.Kramer, M. (1993)The selective mood regulatory function of dreaming: An update and revision. In: The Function of Dreaming. Ed., A. Moffitt, M. Kramer, & R. Hoffmann. Albany, NY: State University of New York Press.